Македонија

ДС: Да се забрани производство на марихуана за наводни „медицински цели“

Демократски сојуз силно ја поддржува акцијата на МВР за заплена на канабисот и инсистира да постапува неселективно и јавно да бидат објавени сопствениците (формални и неформални) на фирмите кои произведуваат канабис, кој и кога ги издал лиценците за производство на канабис

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на марихуана (Cannabis sativa) за наводни медициски цели.

„Досега, од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции (Мин.за земјоделство, Меѓуресорската комисија и други) издало 61 лиценца на фирми кои можеле да произведуваат марихуана за медицински цели.

Повеќе од јасно е дека контролата затаила поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу нарко-мафијата, заплени на канабис од полицијата итн., но криминалниот бизнис продолжи, бидејќи нарко-мафијата во која беа вклучени и носители на највисоки државни функции од претходната власт се стекнаа со огромна финансиска моќ и политичко влијание“, велат од ДС.

„Демократски сојуз силно ја поддржува акцијата на МВР за заплена на канабисот и инсистира да постапува неселективно и јавно да бидат објавени сопствениците (формални и неформални) на фирмите кои произведуваат канабис, кој и кога ги издал лиценците за производство на канабис итн.

Министерството за здравство во соработка со другите надлежни институции да објави колку количини на канабис се произведени, каде се тие количини (продадени, на залиха, украдени итн.) и колку профит е остварен.

Запленетите 32 тона канабис (5 во Србија и 27 тони во Македонија), тоа е засега гребење по површината на овој нарко-бизнис кој има тешки последици по здравјето на младите генерации, политичката стабилност, владеење на правото и меѓународниот углед на државата.

Бараме да се прошири одговорноста и кон носителите на функции од надлежните министерства кои издавале лиценци и кои затаиле со контролата на спроведување на законите за да се спречат злоупотребите.

Одземените количини се премногу за Балканот, а не за медицинските потреби на Македонија. Очигледно е дека првобитната хумана цел е злоупотребена и затоа се потребни итни законски промени“, соопштуваат од Демократскиот сојуз.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Не може „Комунална хигиена“ да има 1,5 милиони евра загуба, а „„Водовод“…

Во тек е акција во која се откриваат низа недоследности кај правни субјекти како загуба од 1,5 милиони евра во Комунална хигиена поради невпишани површини за наплата на ѓубретарина и големи загуби во Водовод и Канализација поради сериозни злоупотреби со вода и со водомери

Полицајците не сакаат извинување, туку кривична за заканувачите

Независниот синдикат на полицијата (НСП) соопшти дека поднел кривична пријава до ОЈО Битола против двајца кои на протестот на патот Битола-Ресен, јавно им се закануваа по животот на присутни полицајци, како и на премиерот, претседателот на државата и целиот државен врв

Неофицијално: Се запленуваат рекордни 27 тони марихуана низ Македонија

Бројот на осомничени и точните квалификации на кривичните дела во македонскиот дел од истрагата ќе бидат соопштени по завршување на целосната истражна постапка, кога се очекува и официјална потврда за вкупната заплена од над 27 тони марихуана.

To top