
Бројот на загинатите во поплавите во Тексас се зголемува, додека спасувачки екипи трагаат по 27 исчезнати девојчиња во детски камп.
Најмалку 43 лица, вклучувајќи 15 деца, загинаа во округот Кер откако паднаа 0,3 метри дожд на квадратен метар што доведе до излевање на реката Гвадалупе чие ниво се покаќи за цели 8 метри. Уште осум лица загинаа во блиските окрузи, јави АП
Властите изјавија дека 27 девојчиња од Кампот Мистик, христијански камп за девојчиња покрај реката во Хант, Тексас, сè уште се водат како исчезнати околу 36 часа по поплавата.
Едно 8-годишно девојче кое беше во Камп Мистик, и директорот на друг камп беа меѓу оние кои беа потврдени како мртви во саботата.
Гувернерот Грег Абот, кој го обиколи кампот во саботата со спасувачки екипи, вети дека властите ќе работат деноноќно за да ги пронајдат исчезнатите девојки и другите однесени во бурата што ги изненади многу жители, кампери и службени лица.
Многу други сè уште се водат како исчезнати, а властите соопштија дека досега се спасени околу 850 луѓе.