Македонија

ССМ ќе блокира, пратениците ќе дојдат пешки во Собрание

Блокадата ќе почне утрово во 9 часот, и ќе се одржи пред Собранието, односно на улиците „11-ти Октомври“ и „Даме Груев“

 

Блокада на пратениците пред Собранието на Република Македонија, поради, како што вели, игнорирањето на работничките барања за зголемување на платите и истовремениот луксуз во кој уживаат народните избраници, најави за денеска ССМ.

Блокадата ќе почне утрово во 9 часот, и ќе се одржи пред Собранието, односно на улиците „11-ти Октомври“ и „Даме Груев“.

Според претседателт на ССМ Слободан Трендафилов, симболично, 42 работници ќе ги блокираат пратениците, со пораката „ако 21 плус 21 се 42, тогаш 42 работници ќе стојат пред оние што одлучуваат за нивната судбина“.

Причината за протестот, како што посочи, е фактот што пратениците во 2025 година зеле вкупно 14.369.470 денари за патни трошоци, додека истовремено не поддржале зголемување на минималната плата, ниту зголемување на останатите плати за најмалку 6.000 денари.

Претседателот на Собранието Африм Гаши порача дека протест може да има, но да не се попречи „правото на работа“ на пратениците, додавајќи дека тие ќе треба сами да се снајдат како ќе стигнат на седницата, дека МВР ќе постапува по свои проценки и дека ќе се почитува правото на протест без „специјално обезбедување“.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Најнови вести од: Македонија

Филипче инсистира на референдум: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

Филипче повтори дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет и побара граѓаните да добијат можност директно да се изјаснат за иднината на државата преку референдум.

ВМРО-ДПМНЕ: Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур

Манасиевски порача дека специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче треба да му пренесе на новиот бугарски премиер Румен Радев дека Македонија „нема да се помести ниту милиметар“ додека не се исполнат обврските.

За компаниите што не ги почитуваат правилата на пазарот – 200.000 евра казни

Измените, треба да обезбедат посилна заштита на производителите и добавувачите, особено во секторот на храна и земјоделски производи, каде најчесто се јавуваат спорови околу условите за соработка со големите трговски синџири

To top