Македонија

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

Пратениците утре ќе треба да станат порано и да дојдат пеш до Собранието, затоа што Сојузот на синдикатите на Македонија за во 9 часот најави блокада на влезовите на Законодавниот дом за да не може пратениците да дојдат со возила. Целта на синдикалците е пратениците „да поминат покрај работниците и да ги погледнат во очи“, но и да ги спречат да наплатат патни трошоци.

Африм Гаши порача дека протест може да има, но да не се попречи „правото на работа“ на пратениците, додавајќи дека тие ќе треба сами да се снајдат како ќе стигнат на седницата, дека МВР ќе постапува по свои проценки и дека ќе се почитува правото на протест без „специјално обезбедување“. Истовремено, не кажа дали се согласува со синдикалното барање за повисоки плати и функционерски резови, туку зборуваше за „нивелирање“ на платите по приоритет и функција.

  • Начелно, сите се бориме за благосостојба на граѓаните. Тоа е прв приоритет но не може да се реши само со зголемувањето на платите. Тоа да зависеше од мене, веднаш би ги покачил платите. Тоа е комплексно прашање. Треба да се земе предвид целата економска слика. Мислам дека треба да се направи нивелирање на платите по приоритет, да определиме кои функции се најбитни за државата. Од таму да одиме – претседател на државата, на Собрание, премиер, пратеник, директори итн …

Гаши пак не конкретизираше дали се согласува со барањето на синдикатот за зголемување на платите но и дали треба да се намалат функционерските само додаде дека е потребно нивелирање на платите во зависност од договорноста и функцијата.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

To top