Македонија

Доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, оти ја убил мајка си со нож во август 2025

На познатиот штипски угостител Стојанче Зарков, во јавноста познат како „Грофот“, денеска му е изречена казна доживотен затвор за кривичното дело „убиство“ на неговата 84-годишна мајка, Марија Заркова. Пресудата ја донесе кривичниот судски совет, со кој претседаваше судијата Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип.

Судијата Георгиев ја објави пресудата наведувајќи дека кривичното дело било извршено на 8 август 2025 година, во раните утрински часови, по 2 часот, и оти обвинетиот самиот се јавил на бројот за итни повици. Убиството било извршено со зелен нож, кој, според судот, Зарков и претходно го користел при извршување кривични дела поврзани со семејно насилство.

Судијата Георгиев вели дека според архивата на Основниот суд во Штип, Зарков неколку пати е суден за сторени кривични дела семејно насилство врз неговите сега починати родители. Зарков во текот на судењето, во два наврати даде исказ дека не се сеќава дали ја убил неговата мајка.

Пресудата беше објавена во отсуство на Зарков, кој е во притвор во Затворот-Куманово.

Во  Основниот суд во Штип од 2020 до денеска изречени се три казни доживотен затвор за сторени свирепи убиства. Од нив едната е изречена лани за убиецот на штипјанката Емилија Пешева, која беше задавена, а сторителот самиот се пријави во Полициска станица-Штип.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија во обид да се отстрани бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија

Од бугарското МНР за БТА потврдиле дека шефовите на дипломатиите на двете земји ќе имаат можност да се сретнат на маргините на меѓународна министерска конференција за Коридорот 8 во Софија, чиј домаќин ќе биде министерката Велислава Петрова. – Форумот – на кој ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Тимчо Муцунски – […]

Ново исклучително откритие на македонската архајска некропола кај Корошишта, Струшко: богат војнички погреб со целосна опрема и предмети од злато

На археолошкиот локалитет Расница, с. Корошишта – Струшко, денес беа презентирани најновите ексклузивни наоди од истражувањата на архајската некропола – богато војничко погребување со комплетна воена опрема, кое според првичните согледувања е постаро од исклучителното откритие направено на истиот локалитет во 2024 година, информираат од Националениот археолошки музеј – Скопје.

Предлог на Стопанската комора: Најмногу 13 неработни денови и неработниот ден од недела да не се префрла во понеделник

Стопанската комора на Македонија набргу до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени на Законот за празниците, со кои бројот на неработни денови индиректно би се свел на 13, а празниците што се паѓаат во недела повеќе не би се префрлале како неработен ден во понеделник.

Мицкоски: Владата ги завршува проектите, сопрени со децении – Соодветно ќе одговориме, ако побара опозицијата предвремени избори

Владата има добиено доверба од граѓаните за мандат од четири години и има планови и динамика за реализација на ветувањата – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали ќе има предвремени парламентарни избори, за време на посетата на општина Теарце, каде што присуствуваше на пуштање во употреба детска градинка.

ЕУ останува стратегиски приоритет за Македонија

Заменик претседателот на Владата на Македонија Александар Николоски денеска оствари работна средба со членови на Европскиот Парламент во рамки на 25- состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија. Во средиштето на разговорите беа европската интеграција на  Македонија, реформскиот процес и чекорите, што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Најнови вести

To top