Спорт

Колку „вредат“ олимписките медали? Цената на бронзениот ќе ве насмее

Олимписките златни медали веќе повеќе од еден век не се изработени од чисто злато. Последниот целосно златен медал (24-каратен) е доделен на Олимписките игри во Стокхолм во 1912 година, според податоците на Меѓународниот олимписки комитет.

Олимписките златни медали веќе повеќе од еден век не се изработени од чисто злато. Последниот целосно златен медал (24-каратен) е доделен на Олимписките игри во Стокхолм во 1912 година, според податоците на Меѓународниот олимписки комитет.

Оттогаш па до денес, златните медали се прават претежно од сребро, а врз нив се нанесува само многу тенок слој чисто злато – околу шест грама. Сребрените медали се целосно сребрени, додека бронзените се од бронза.

Во услови на силен раст на цените на скапоцените метали, оваа мала количина злато и сребро значително ја зголемува материјалната вредност на медалите.

На 6 февруари 2026 година, цената на златото изнесуваше 4.889 долари за унца, што е раст од околу 70% во споредба со истиот период минатата година. Во однос на Олимписките игри во Париз 2024 година, цената е речиси двојно повисока.

Среброто, пак, се тргуваше по 77 долари за унца – зголемување од 138% во последната година и речиси тројно повеќе отколку за време на Играта во Париз.

Според пресметките врз основа на овие цени, материјалната вредност на медалите изнесува:

  • Златен медал – околу 2.000 евра
  • Сребрен медал – околу 1.150 евра
  • Бронзен медал – околу 5 евра

Во текот на јануари 2026 година цените на среброто забележаа дополнителен скок од 60%, главно поради зголемените геополитички тензии и стравот од инфлација, што ги натера инвеститорите да бараат безбедни средства за заштита на капиталот.

Иако цените на златото и среброто минатата недела забележаа извесно намалување поради шпекулации дека претходно биле преценети, материјалната вредност на златните и сребрените олимписки медали и натаму е повеќе од двојно повисока во споредба со периодот на Олимписките игри во Париз 2024 година.

За спортистите, се разбира, вистинската вредност на медалите не лежи во нивната материјална состојба, туку во престижот, признанието и симболиката што ги носат.

Сепак, поради силните движења на пазарот на скапоцени метали, во последно време повторно се привлекува внимание кон реалната, финансиска вредност на овие спортски достигнувања, особено во пресрет на Зимските олимписки игри во Италија.

Најнови вести од: Спорт

To top