Свет

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Десет лица се убиени, вклучувајќи го и напаѓачот, вчера, на 10 февруари, во оружен напад во средно училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада. Во училиштето има 160 ученици од 7 до 12 одделение на возраст од 12-18 години. ‘Полицијата спречила оваа ужасна трагедија да стане уште полоша.’.  објавија властите. Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време.

Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето. Полицијата верува дека двата смртни случаи во куќата се поврзани со инцидентот во училиштето. Напаѓачот бил пронајден мртов. Полицијата смета дека смртоносните повреди самиот си ги нанел. Шефот на полицијата Кен Флојд изјави дека 25 лица се здобиле со полесни повреди, а две лица се здобиле со сериозни повреди.

Во безбедносното предупредување испратено за време на нападот, осомничениот е идентификуван како „женско лице во фустан, со кафена коса“. Официјалните лица велат дека го знаат идентитетот на напаѓачот, но досега не го објавиле името или полот. Полицијата сè уште не го идентификувала видот на оружјето што е употребено во нападот, ниту возраста на жртвите.

Премиерот на Британска Колумбија Дејвид Аби на прес-конференција изјави дека полицијата пристигнала на местото на нападот две минути по повикот, со што спречила оваа ужасна трагедија да стане уште полоша.  Од училишниот комплекс се евакуирани околу 1.000 ученици и наставници.

Градот Тамблер Риџ со околу 2.400 жители е оддалечен околу 1.200 км од Ванкувер и е близу до границата со канадската провинција Алберта.

 

Најнови вести од: Свет

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top