Македонија

Јаневска: Очекувам студентите да го прифатат договорот за субвенционираниот оброк

Покачување на субвенционираниот оброк од 3.500 на 4.500 денари

Министерката за образование и наука Весна Јаневска истакна дека очекува студентите да го прифатат договорот што се подготвува за студентскиот субвенциониран оброк, оценувајќи дека решението ќе биде на задоволство и на студентите и на институциите.

Одговарајќи на новинарско прашање при посетата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда, Јаневска изјави дека начелно е постигнат договор.

„Начелно мислам дека имаме договор. Очекувам одговор од студентите, но не се сомневам дека ќе го прифатат тој договор и дека на задоволство и нивно и наше, повторно оваа Влада ќе биде со студентите“, рече Јаневска.

Таа додаде дека Владата останува посветена на младите и на подобрувањето на нивниот стандард.

„Ние се посветуваме на младите и кога јас кажувам дека во нив ја гледам иднината на оваа земја, не е тоа флоскула. Тие препознаваат дека тоа јас искрено го мислам и искрено им го порачувам“, истакна министерката.

На прашањето околу висината на студентскиот субвенциониран оброк, Јаневска упати на вчерашните изјави на премиерот.

„Вчера премиерот многу убаво објасни, сите ја пренесовте изјавата, гледам дека беше актуелна, мислам дека веќе никакви дилеми понатаму немаме“, изјави Јаневска.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера, одговарајќи на пратеничко прашање, информира дека предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети е покачување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата „М.услуги“.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

To top