Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Не Стојановска, туку Трендафилов да одговара за злоупотреба на службено возило за приватни цели!

„Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, ‘синдикалецот’ Трендафилов истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост.“ – реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова не е напад врз семејство, ова е очајнички крик на еден „синдикалец“ кој мисли дека со солзи и со етикетирања ќе го избрише фактот дека ги троши парите на работниците за личен луксуз“ – наведува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која истакнува дека најостро ги демантира и ги отфрла неговите очајни обиди за пренасочување на вниманието од вистината.

Правосудните органи веќе имаат чист случај пред себе во кој Трендафилов веќе требаше да дава исказ пред надлежните органи и да сноси одговорност за злоупотреба на службено возило за приватни цели“, се вели во реакцијата на пратеничката група. „Јавно го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да отвори постапка и да истражи како се користело службеното возило во ССМ од денот на неговото назначување до денес. Дали во правилникот на ССМ пишува дека претседателот смее да го користи имотот на работниците како своја приватна сопственост за приватни потреби со гориво наполнето токму од парите на работниците? Трендафилов залудно бара виновници кај пратениците. Спорната снимка е преземена од социјалните мрежи и е веќе јавно достапна. Најверојатно е снимена од револтиран работник или од член на ССМ, на кој му е преку глава од вакви „заштитници“ на работничките права“, се вели во соопштението.

Трендафилов е фатен жив во сопствената лага, се додава, и сега му е виновно ВМРО-ДПМНЕ за неговата неспособност, се посочува во тоа соопштение. „Јасно е дека неговата главна мисија не е платата на работникот, туку зачувување на сопствената фотелја и привилегиите кои очигледно не сака да ги пушти. Народот многу брзо ќе се увери во вистинското лице на овој човек чија уста е полна со патните трошоци на пратениците, додека рацете му се длабоко во џебот на работникот. Ова видео не е напад, туку огледало во кое Трендафилов не може да се погледне, бидејќи во него гледа функционер кој треба веднаш да си замине и да сноси кривична одговорност. Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склучено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат“, реагираат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот, додаваат, нападот врз нашата колешка Дафина Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот. „Кога немате аргументи, се служите со навреди и етикетирања. Упатуваме силна порака дека времето на манипулации заврши. Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво“, соопшти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Трендафилов денеска побара од претседателот на Собранието, Африм Гаши, да поведе постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на пратеничката Стојаноска, а МВР и Обвинителството да поведат постапка против неа. Пратеничката вчера на нејзиниот фејсбук-профил објави видео во чиј опис рече дека Трендафилов со службено возило на ССМ обавува приватни обврски. Притоа во видеото се прикажува како Трендафилов со неговите две деца влегува во автомобил.

Трендафилов денеска рече дека Стојаноска „му ги објавила малолетните деца за да можат сите да ги оцрнуваат и на таков начин да го уценуваат“, а до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати прашање „дали службите го следат претседателот на ССМ и му ги снимаат децата“. Побара дури и апсење и рече дека „нормална влада во нормална држава за ваква работа паѓа, а пратеничката веќе ќе беше во затвор“.

Претседателот на ССМ најави дека за овој случај ќе ги извести сите амбасади, Делегацијата на ЕУ, синдикатите на Меѓународната и Европската конфедерација на синдикати и Меѓународна организација на трудот (МОТ). На денешната прес-конференција тој ја најави утрешната блокада на Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата, што ќе почне во 12 часот.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

Граѓаните со душа чекаат нормален паркинг на Клиника, оти со саати кружат барајќи место

Нема повеќе никакви пречки да се градат катни гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Владата, на последната седница, донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар. Според Владата, со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ видеото со децата на Трендафилов не е напад врз семејство

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објавеното видео не е напад, туку „огледало во кое Трендафилов не може да се погледне“, а „нападот“ врз Стојаноска бил само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и кој кога нема аргументи, се служи со навреди и етикетирања.

(Фото): Претседателот на ССМ, Трендафилов, бара истрага – вели: „Ми ги следат децата“

Во пресрет на блокадата од страна на ССМ кон бизнис секторот, а во врска со барањата за минималната плата и повисоки плати на работниците, претседателот на ССМ Трендафилов побара сите надлежни институции да реагираат на објавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска. Трендафилов бара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца.

Цветановски: Изјавите на Лејла Кадриу за случувањата во СЈО не се изненадување за правосудната фела

„Можеби за дел од јавноста изјавите на колешката Кадриу беа изненадување, но сигурен сум дека за правосудната фела, особено моите колеги обвинители, не. Кадриу само го потврди тоа што потајно се шпекулираше за случувањата зад затворени врати во СЈО. Сега тоа не се шпекулации, туку потврдување од сведок кој лично ги увидел состојбите“, вели обвинителот Јово Цветановски во интервју за „Република“ .

Украл бакарни кабли вредни 200 илјади евра од градилиштето за подземниот булевар во Скопје!

Вработен во обезбедувањето на подземниот булевар во изградба кај комплексот Дајамонд во центарот на Скопје заврши со лисици на рацете. Полицијата го товари дека за еден месец украл околу два километра бакарни кабли од градилиштето за подземниот булевар. Според информацијата на МВР вредноста на украдените бакарни кабли изнесува околу 200 илјди евра.

To top