Свет

Физичка пресметка помеѓу пратениците во Парламентот на Турција

При денешното положување заклетва

При денешното положување заклетва на министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за правда Акан Ѓурлек во Меџлисот, пратениците физички се пресметаа.

Инцидентот се случи кога пратениците од најголемата опозициска партија Републиканска народна партија (ЦХП), која не се согласува со именувањето на Ѓурлек, ја зазедоа парламентарната говорница. Пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) се обидоа да ги отстранат опозиционерите при што настана тепачка.

По инцидентот пратениците од АКП ја опколија говорницата и новите министри положија заклетва.

ЦХП е против именувањето на Ѓурлек, кој досега ја извршуваше функцијата Главен обвинител на Истанбул. Лидерот на ЦХП, Озгур Озел новиот министер за правда го нарече „маша на Ердоган“ и оти тој ја презема функцијата за да си обезбеди имунитет од кривично гонење.

Претходно во текот на денот, се одржа официјална церемонија на предавање на должноста од претходните на актуелните министри. Чифтчи ја презеде функцијата од Али Јерликаја, а Ѓурлек го замени Јилмаз Тунч.

(МИА)

Најнови вести од: Свет

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

ММФ предупредува: Блискиот Исток може да предизвика нов шок за глобалната економија

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека конфликтите на Блискиот Исток ќе го забават глобалниот раст, ќе ги зголемат цените на енергенсите и ќе влијаат на инфлацијата и финансиската стабилност.

To top