Во морето на манипулации и спинови од страна на медиумите под влијание на СДСМ во последно време се истакнува порталот Рацин.мк кој патем, неетички и незаслужено го користи презимето на големиот македонски поет Кочо Рацин.
Во еден од нападите на Рацин врз власта непознат автор на текстот прави приказна од тоа што премиерот Мицкоски не им упатил јавна честитка на македонските олимпијци кои учествуваат на Олимписките игри во Италија.
Во исто време порталот раководен од долгодишниот искусен новинар Зоран Бојаровски ,,мижи” за честитката упатена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова кон македонските олимпијци.
Во текстот се наведува дека честитки кон своите олимпијци упатиле претседателките на Косово и Словенија Вјоса Османи и Наташа Пирц Мусар но нема ни јота за честитката на Сиљановска Давкова кон олимпијците на Македонија.
Дали во Рацин имало моментално слепило за честитката на македонската претседателка или се работи за друга намера за дискредитација на Сиљановска Давкова ќе проценат читателите.
Ако се земе предвид дека порталот често пати пренесува остри но неосновани критики кон македонската претседателка тогаш ,,слепилото” може да не е само моментално туку дел од план за систематски напади врз Сиљановска Давкова.
Како поинаку да се протолкува тврдењето на Рацин дека ,,Токму затоа молкот од Скопје изгледа како ладен туш”, кое е лага. Освен ако за Рацин претседтелката Гордана Сиљановска-Давкова не е ,,Скопје”.
Да напишете дека од официјално Скопје има молк а претседателката јавно објавила честитка до олимпијците која има над 2300 лајка е благо речено чудна ситуација за медиум кој сака да се прикаже како професионален.
Кабинетот на претседателката не сака да коментира на прашањето дали ќе реагира на премолчувањето и лагите во Рацин за неа. Од таму само кратко велат дека медиумите треба да го почитуваат новинарскиот кодекс а јавноста сама решава дали некој медиум е професионален и дали ќе му верува.
,,Во истата таа регионална рамка, претседателката Вјоса Османи од Косово, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и албанскиот премиер Еди Рама јавно споделија изблици на поддршка и навивање за своите спортисти – со пораки на гордост, фотографии од националните делегации и повици до граѓаните да навиваат за својот тим. Косово, Грција, Словенија и Албанија на тој начин покажаа дека за нив олимпијците се заедничка работа на државата и граѓаните, а не споредна тема меѓу две политички соопштенија.
Токму затоа молкот од Скопје изгледа како ладен туш. Премиер кој редовно држи говори за „достоинство“ и „влог во иднина“, не наоѓа време да напише две реченици за четворица луѓе што излегоа на стадион пред целиот свет со македонското знаме на чело. Тоа не е технички пропуст, туку политичко‑комуникациска одлука: да се испушти момент кога државата може да изгледа обединето, гордо и човечки”, пишува Рацин во својот текст во кој се молчи за честитката од претседателката Сиљановска-Давкова кон олимпијците.
Зошто Рацин одлучил да премолчи факт и целата своја анализа да ја направи манипулативна и неточна знаат уредниците во порталот. За јавноста особено за онаа информираната, причините се јасни.
А.Г.