Македонија

Македонски „административни куриозитети“: Отишла да го регистрира бебето, но ја воделе во евиденција како „почината“ речиси 20 години!

Тројца вработени во Центарот за социјални работи Тетово во СВР Тетово вчера пријавиле сомневање за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Според информациите, на 21 јануари 2026 година во Центарот пристигнало известување од Управа за водење матични книги дека на 8 декември 2025 година во Клиничка болница Тетово е родено женско дете од мајка А.С. (27). Меѓутоа, при постапката за регистрација на новороденчето во службените евиденции било утврдено дека мајката се води како почината на 21 октомври 2006 година.

По преземени мерки и испратени покани, на 12 февруари 2026 година лицето А.С. се појавила во Центарот за социјални работи заедно со новороденото дете и со уште едно машко лице. Притоа, не приложиле никаков документ за идентификација.

Надлежните институции информираат дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Најнови вести од: Македонија

УЈП: За шест месеци граѓаните „оставиле“ 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

 Иако веќе почнаа да се применуваат роковите за дислоцирање на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците, трошењето пари на „игри на среќа“ не покажува опаѓање

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

To top