Бизнис

Сме јаделе поскапа храна за 5%, скокнале и трошоците за вода и струја

Податоците покажуваат и дека трошокот за храна и за пијалаци ни се зголемил за 5,2 проценти на годишно ниво, додека ако се спореди декември со јануари, тие останале непроменети. Трошоците за облека и за обувки за една година се зголемиле за 1,2 проценти, но на месечно ниво тие се намалиле за 1,2 проценти.

Наместо да поевтини, за жал поскапува. За нешто повеќе од 5% поскапа храна сме купувале во јануари во однос на истиот месец лани. За овој период статистика измери и повисока инфлација од 3, 2 проценти. Иако, во однос на инфлацијата од 4, 1 процент со колку што ја завршивме 2025 сега има благо попуштање, повторно се забележува дека за една година поскапување има во речиси сите ставки – освен кај транспортот и услугите во образование цените.

Цени на храна споредба јануари 2025 со јануари 2026:

  • Храна и безалкохолни пијалаци 5,1%, Жита и производи од жита 2,1%, Живи животни, месо и други делови од заклани копнени животни 9,5%, Риба и морски плодови 1,9%, Млеко, млечни производи и јајца 6,7%, Масла и масти 3,8%, Овошје и јаткасто овошје 17,5%, Зеленчук 8,5% Шеќер, слатки и десерти 11,4%.

За една година, трошокот пак за облека и обувки пораснале за 1,2 отсто, кај здравствената заштита за речиси 3 проценти. Пораснати се и трошоците за вода, струја, домување, покуќнина, а цените во  рестораните и услугите за сместување скокнале за 4,8 отсто.

  • Здравствената заштита на месечно ниво стагнира, но на годишно, трошокот е зголемен за 2,9 проценти. Ако се следат само цените, кај земјоделските производи за една година се зголемиле за 3,2 проценти, кај индустриските производи за 2,7 проценти, а кај индустриските прехранбени производи за 4,8 проценти.

Најнови вести од: Бизнис

To top