Македонија

Мерц за Македонија и Западен Балкан: Се чувствувам непријатно не сакам да ве изгубам (ВИДЕО)

Мерц за жал не ја посочи Бугарија како блокатор на проширувањето во примерот со Македонија

Германскиот канцелар Мерц на безбедносната конференција во Минхен јавно призна дека му е непријатно за земјите од Западен Балкан кога зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.

Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.

„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.

Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.

„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

Мерц за жал не ја посочи Бугарија како блокатор на проширувањето во примерот со Македонија а неговата непријатност се однесува пред се на Унгарија за ветото кон Украина.

https://x.com/i/status/2022309514800709686

Најнови вести од: Македонија

Винарската визба „Тиквеш“ го одбележува Св. Трифун во знакот на одржливоста и иновациите во винската индустрија

Винарската визба „Тиквеш“ годинава го одбележува празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун, почитувајќи ја традицијата и фокусирајќи се на иновациите и зелената технологија, кои се неопходни за да се создадат врвни вина и да се оствари успех на динамичниот и конкурентен вински пазар.

To top