Македонија

Јане Ченто ја урниса судијката Добрила Кацарска

Не ги открива сите аргументи и информации

Испровоциран од обидите на сегашната уставна судијка а предходно судијка во предметот 27 Април Добрила Кацарска, внукот на првиот претседател на Македонија Методија Андонов Ченто со факти ја урниса судијката.

Јане Ченто кој беше меѓу тие што добија драконска казна анализира што се случи во тој процес реагира на тврдењата на Кацарска.

Јане Ченто со своите правни и човечки аргументи дава пресек на најголемите аномалии во процесот кој за многумина беше пресметка на СДСМ и ДУИ со патриотските сили во земјата.

Тој не ги открива сите свои аргументи за скандалозната осуда на луѓе и по 19 години затвор од страна на Кацарска.

Неговиот пост во целост:

⚫ Ја слушам Кацарска како зборува за некои предмети меѓу кои и предметот 27 април и повторно се обидува да создаде впечаток дека сè било „законито“ и „потврдено од повисоките судови“, а слушнавме јавно сите како судија поротник кажува дека под страв потпишале записник за пресудата.

🔴 Ајде фактите.

1️⃣ Рочишта по 12–15 часа дневно
Тоа само по себе кажува за каков процес станува збор. Правично судење не е натпревар во издржливост. Кога судење се води маратонски, под притисок и во исцрпувачки услови, тоа директно удира во правото на ефективна одбрана.

2️⃣ Селекција на докази и изјави
Судот има должност да ги цени сите докази еднакво. Кога се прифаќаат само оние што одговараат на однапред изградена теза, а другите се игнорираат или минимизираат – тоа не е слободно судиско уверување, туку селективна правда.

3️⃣ Нескриената брзина на постапката.
Целата јавност знае во каков политички контекст се водеше процесот. Брзањето со пресудата во период кога државата влегуваше во историски политички промени не беше случајност.
Правдата не смее да биде синхронизирана со политички рокови.

4️⃣ „Ако имало грешка, немало да помине на Апелација и Врховен“.

Навистина?

♦️Додека бевме во притвор повеќе од 28 месеци и баравме да се браниме од слобода, одлуките се одбиваа со copy-paste образложенија од судиите.
Истите тие судии од Апелација подоцна беа унапредени во Врховен суд и ни ја потврдија пресудата.

🆘 Кога ист круг на луѓе носи одлуки во прв, втор и трет степен и потоа напредува во кариерата – јавноста има право да постави прашање: дали тоа е вистинска контрола или затворен систем што се самопотврдува?

5️⃣ Паралели со други држави
Се прави паралела со Капитол во САД.
Но таму имаше загинати луѓе, а казните беа во рамки од неколку години. Кај нас, правната квалификација и казнената политика беа максималистички поставени спрема нас, за да исплаши народот да не протестира и дека ако излезе да протестира им беше кажано преку нашето судење “ВАС ВЕ ЧЕКА ИСТО АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ТОГАШНАТА ВЛАДА”

Секој правен систем е различен, но споредбите мора да бидат целосни, не селективни.

6️⃣ Довербата во судството помалку од 2%.

Факт е дека голем дел од оние што беа вклучени во процесот подоцна добија унапредувања и позиции.

Тоа можеби формално е во рамки на системот, но суштински остава силен впечаток дека целата операција имаше институционална поддршка.

⏭️ И најважното:
Довербата во правосудниот систем е под 2️⃣%

Граѓаните гледаат шема: притисок, брзање, селективност и потоа награди.

Ова не е приказна за мали деца за која Кацарска раскажува – се работи за човечки судбини.

Ова е приказна за систем цел кој беше впрегнат во една многу поголема операција каде ние бевме избрани за жртврни јагниња.

Може да се повторува на интервјуа и да дава изјави колку сака.

Но фактите остануваат.

Системот беше вклучен.

Одлуките беа синхронизирани.

А унапредувањата дојдоа потоа.

Времето ги открива улогите.

Толку сега за сега можам да кажам. ⚖️

За скоро…..следете. 😉

#ИлиПравдаИлиКакоДосега

#Македонија

Најнови вести од: Македонија

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

Најнови вести

To top