Македонија

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Михаилов забележува дека зад секоја сеча на дрвата без дозвола, стои организирана група, која честопати знае да ги нападне и вработените во ЈП „Национални шуми“ и припадниците на шумската полиција, каков што летово имаше пример во Штипскиот Регион.

-Сите оние кои ќе се дрзнат во иднина да кренат рака на овластено службено лице, треба однапред да бидат подготвени дека ќе уследи сериозна затворска казна, бидејќи станува збор за напад на службено лице – вели Михаилов.

Михаилов посочува дека има и примери кога вработени од ова претпријатие се дел од тие криминални групи.

-Да, се уште има наши вработени, за кои  утврдивме одредени врски со криминалните структури и нема да има простување  онаму каде што тоа ќе го откриеме.. Веднаш се отпочнува постапка по однос на она кое што го имаме како докази и имаме суспензии, кривични пријави и дисциплински постапки – рече Михаилов.

Најнови вести од: Македонија

To top