„Итните медицински служби во градот Скопје, за жал, се соочуваат со значителен недостиг на медицински персонал, почнувајќи од самите лекари, медицински сестри и возачи, бидејќи тие сочинуваат цел тим, како и амбулантни возила кои во моментов се амортизирани и речиси невозможно е да функционираат на терен за да обезбедат медицинска помош на населението“, изјави доктор Сејфулах Адеми за ТВМ2.
Доктор Адеми апелира до Министерството за здравство што е можно поскоро да преземе мерки за решавање на проблемите во итните медицински служби, како со дополнување на медицинскиот персонал, така и со снабдување со нови амбулантни возила.
„Како итна помош во рамките на градот Скопјe, за жал работиме со една четвртина од нашиот вкупен капацитет, што ја отежнува нашата работа или ја отежнува многу, а на населението не може да му се обезбедат квалитетни услуги кога им се најпотребни во критични моменти, затоа апелираме до сите граѓани да бидат внимателни при примањето терапија и за своето здравје, а главниот апел е до министерот за здравство да преземе итни мерки за подобрување на условите во Итната помош, да прифати нов медицински персонал и да се опреми со нови амбулантни возила, бидејќи сме на работ на колапс“, изјави доктор Сејфула Адеми.
Тој исто така нагласува дека во последните години се соочуваат и со недостаток на потребни лекови за пациентите, како и со континуиран пад на терапијата што ја поседуваат, и прашува дека ако им недостасува основната терапија што им ја нудат на пациентите, тогаш како можат да понудат помош и да ги лекуваат пациентите на кои им е најпотребна?