Македонија

Ѓорѓиевски: Постигнат е договор – булеварот „Борис Трајковски“ конечно се довршува!

„Со искрено задоволство ја споделувам веста, што со години ја чекаа повеќе од 100 илјади жители, кои секојдневно го користат еден од најклучните сообраќајни правци во Скопје: булеварот „Борис Трајковски“. Денес остварив средба со стопанствениците долж трасата и постигнавме договор за забрзано спроведување на експропријацијата, процес кој во минатото останал недовршен.“ – објави на својот фејсбук-профил градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Преку општествената мрежа натаму Ѓорѓиевски порачува: Со тоа, конечно се отвора патот за реализација на овој долгоочекуван, но премногу пати неисполнет проект.

Овој булевар е еден од моите најзначајни приоритети, покрај останатите капитални инфраструктурни зафати во градот. Предолго беше заглавен од моите претходници и се претвори во вистинска голгота за илјадници граѓани. Тоа време завршува.

Во најскоро време ќе биде објавена јавната набавка, а проекциите се дека изградбата ќе биде комплетирана до крајот на оваа календарска година. Оние 850 метри голгота, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево – заминуваат во минатото.

На нивно место ќе никне современ булевар со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека. Мојот народ заслужува безбедност, достоинствено движење и модерна инфраструктура.

Почитувани мои, свесен сум низ што поминувавте сите овие години. Свесен сум за секојдневните гужви, небезбедноста, прашината, оштетените возила, изгубеното време и нервозата што ја носи едно недовршено решение. За сите лажни ветувања. Свесен сум за разочарувањата од многуте ветувања во минатото. Но денес работите ги менуваме!

Затоа ве замолувам за уште малку трпение додека траат градежните активности. Привремената непријатност ќе значи трајно решение. Нека е аирлија!
Најдоброто, доаѓа! – истакна првиот човек на македонската метропола Орце Ѓорѓиевски преку фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонија е меѓу првите пет земји во Европа по раст на БДП

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја презентираше најновата статистика на Државниот завод за статистика, истакнувајќи дека Македонија според податоците на Евростат се наоѓа на петтото место во Европа по раст на Бруто домашниот производ (БДП).

Поранешен градоначалник дал дозвола за дива градба – заработи кривична

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“

Славески бара да се заузда со закон растот на банкарските провизии

Во повеќе европски држави веќе постојат механизми за регулирање или ограничување на одредени банкарски трошоци, што може да послужи како пример и основа за дебата во земјава, вели гувернерот на Народна банка

To top