Тој повика на воздржаност со цел да се најде решение што ќе му овозможи на Иран да развие мирна нуклеарна програма.
Лавров ја даде својата изјава еден ден откако американските и иранските преговарачи одржаа индиректни разговори во Женева за да спречат нова ескалација на кризата меѓу Вашингтон и Техеран.
„Последиците нема да се добри. Веќе имаше напади врз Иран врз нуклеарните постројки под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија. Според она што можеме да процениме, имаше реални ризици од нуклеарен инцидент“, нагласи тој.
„Внимателно ги следам реакциите во регионот од арапските земји, монархиите од Персискиот Залив. Никој не сака зголемување на тензиите. Сите разбираат дека ова е играње со оган“, додаде Лавров.