Македонија

Станбениот квадрат отиде во „астрономијата“: Најмногу поскапеле становите во Куманово, Тетово, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Во втората половина од 2025 година највисок скок на цените на продадени станови, споредено со истиот период од претходната година, има во Куманово за 24 проценти, Тетово 22 проценти, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба со по 16 проценти, Центар 14 проценти, а пад на цените на продадени станови има во Гостивар два процента.

– Анализата на опсегот на постигнатата продажна цена по квадратен метар  укажува дека најнизок забележан минимум во втората половина од годинава има во Чаир: 19.543 денари по квадратен метар. Највисок забележан максимум има во Центар: 232.722 денари по квадратен метар. Ова го покажува Извештајот од Регистарот на цени и закупнините за втората половина од 2025 година, што ги објави денеска Агенцијата за катастар на недвижности.

Најмногу продажби на станови во второто шестмесечје од 2025 година има во Аеродром – 240, Чаир – 188, Центар – 186, Карпош – 171, а највисока вкупна вредност на остварена цена од продажба на станови постигната е во Центар 1.379.518 илјада денари, Аеродром 1.347.308 илјада денари, Карпош 1.088.279 илјада денари. Највисока просечна цена по метар квадратен постигната е во Центар, 104,3 илјада денари по метар квадратен, Карпош, 99,6 илјада денари по метар квадратен, Аеродром, 88,9 илјада денари по метар квадратен, Кисела Вода, 83,2 илјада денари по метар квадратен, Охрид, 78,1 илјада денари по метар квадратен.

Според Извештајот, највисока вкупна вредност на остварена цена од направените купопродажби за овој период постигната е во Центар – 82,8 милиони евра, Аеродром – 59,1 милиони евра, Карпош – 57 милиони евра, а најниска во Велес – 5,6 милиони евра. Споредувајќи со истиот период од претходната година, највисок раст на обемот на купопродажби имаат Штип со 46 проценти и Гостивар 43 проценти, а најголем пад има Велес со 30 проценти.

Најмногу купопродажби во второто шестмесечје од 2025 година се направени во Аеродром – 757 купопродажби, по што следуваат Центар со 636 купопродажби и Гази Баба со 586 купопродажби, а најмалку во Бутел – 203 купопродажби. Движењето на цените меѓу второто шестмесечје од оваа година, наспроти истиот период од претходната година укажува на пораст на бројот на продадени станови во Гостивар, 93 проценти, Штип, 23 проценти, Прилеп, 15 проценти и Тетово, 13 проценти, а најголем пад на бројот на продадени станови има во Струмица 20 проценти и Битола 19 проценти.

Од 1 јули до 31 декември 2025 година, во Регистарот на цени и закупнини регистрирани се вкупно 17.603 трансакции. Споредбено со првото полугодие од 2025 година, во второто полугодие на 2025 има пораст на вкупниот број на трансакции на пазарот на недвижности за 11,6 проценти. Во однос на второто полугодие од 2024 година забележан е благ пораст на вкупниот број трансакции на пазарот на недвижности за 6,4 проценти. Од Агенцијата за катастар на недвижности оценуваат дека растот на обемот на трансакциите може да се поврзе со подобрени услови за финансирање и зголемена доверба во пазарот на недвижности.

Во втората половина од 2025 година во Регистарот се впишани 9953 продажби на недвижности, 2031 продажби од инвеститор, 306 откупи од државата и 75 продажби на лицитација, однoсно вкупен број од 12365 купопродажби што укажува на благ пораст за 3,4 проценти во однос на втората половина од 2024 година.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top