Македонија

Следниот месец исплата на првиот дел од солидарниот данок

Со Законот за данок на солидарност беа опфатени компании кои во текот на 2022 година остварија вкупен приход поголем од 615 милиони денари и согласно Законот во Буџетот во текот на 2023 година беа уплатени околу 50 милиони евра од страна на 156 компании.

Државата во текот на следниот месец треба да го исплати првиот дел од солидарниот данок коишто компаните во 2023 година го уплатија согласно Законот за данок на солидарност, објави МИА.

Од Министерството за финансии велат дека процесот за враќање на средствата уплатени согласно Законот за солидарен данок е започнат. – Донесен е Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок и веќе е објавен во Службен весник. Компаниите треба да достават барање за поврат на средствата до Управата за јавни приходи, информираат од МФ.

Со Законот за данок на солидарност беа опфатени компании кои во текот на 2022 година остварија вкупен приход поголем од 615 милиони денари и согласно Законот во Буџетот во текот на 2023 година беа уплатени околу 50 милиони евра од страна на 156 компании. По поништување на Законот од страна на Уставниот суд, државата имаше обврска да ги врати средствата коишто беа уплатени во Буџетот по основ на Законот.

Врз основа на оваа Одлука на Уставниот суд, Министерството за финансии доби задолжение од Владата да пристапи заедно со компаниите кон утврдување модалитет за поврат на средствата, при што беше дефинирано повратот на средства да се изврши во две рати, односно во март 2026 година и во март 2027 година.

Најнови вести од: Македонија

Повеќе од 16.000 граѓани ја напуштиле држават апреку „Богородица“ и „Табановце“

Продолжениот викенд по повод празникот Велигден го зголеми метежот на граничните премини во земјава, а најголем метеж е забележан на премините Богородица и Табановце, каде во изминатите 24 часа поминале повеќе од 16 илјади патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лога се обидува да ѝ „држи“ на Сиљановска-Давкова, претседателката на РМ и уставно-правен експерт, „јавно предавање“за правосудниот испит и за непостојната „државотворност на албанскиот народ“?!

„Синоќа во емисијата на TV21, Сиљановска се обидува да ги избегне дискусиите и ги изигрува фактите поврзани со правосудниот испит, изнесе неколку ставови кои веќе се надминати како проблематика. Постои суштинска разлика, што оваа политичка класа со југословенско наследство, претставувана од Сиљановска, треба да ја разбере: албанскиот јазик не е „малцински јазик“, како што таа “погрешно” го претставува во континуитет, туку е јазик на околу една третина од населението во оваа држава и на еден од државотворните народи, заедно со македонскиот народ.“ – навестува поранешниот министер за правда од ДУИ Кренар Лога, кој со оваа објава преку фејсбук, всушност, се обидува да ѝ „држи“ на претседателката на Македонија и уставно-правен експерт проф.д-р Гордана Сиљановска-Давкова “јавно предавање“за правосудниот испит и „за државотворноста на албанскиот народ“ (?!) – а таква „државотворност“ не постои како таква уставно-правна категорија во македонската држава, зашто во неа единствено државотворен народ е само македонскиот народ! Неприфатливоста на интонацијата на Лога е и поради тоа што тој недолично фактички ја игнорира функцијата претседателка на Република Македонија и ѝ обраќа на шефицата на македонската држава Гордана Сиљановска-Давкова само по презиме.

Николовски: Од септември Скопје ќе ги добие првата делница од Градскиот воз и првите 30 нови автобуси

Од септември Скопје ќе ја добие првата делница од Градскиот воз од Зелениково до транспортниот центар, како и првите 30 нови автобуси доколку успешно заврши јавната набавка по Велигденските празници, истакна во вчерашното гостување во “Само Интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

МВР во акција: за 24 часа приведени 10 возачи!

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Хоџа: „Албанија го поддржува студентскиот протест во Скопје и бара да не се оспорува уставното право на употребата на албанскиот јазик во РСМ“

„Ферит Хоџа, министерот за Европа и надворешни работи во Владата на Албанија, денес на прес-конференција истакна дека треба да има решение за студентите-Албанци во С.Македонија, кои бараат да полагаат правен испит на својот албански јазик, бидејќи, според него, албанскиот јазик е уставно и неоспорно право.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Најнови вести

To top