Македонија

Претседателката не предлага нов член на контроверзниот Судски совет додека не се смени законот

Работата на Судскиот совет минус еден член нема да го оневозможи одлучувањето

 

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека нема да даде свој предлог за нов член на контроверзниот Судски совет додека не се смени законот со које се направат реформи.

За неа нема логика да се предлага нов член кога во тек е промена на законот со кој ќе се направи реформа.

На новинарско прашање дали при  истекот на мандатот на членот на Судскиот совет, Миљазим Мустафа таа  предложила негов наследник, Сиљановска Давкова вели дека не го сторила тоа од повеќе причини.

 

,,Јас ја критикував работата на овој Судски совет. Една од причините за состојбите во Судскиот совет и во судството е и лошиот закон за Судски совет, во којшто критериумите за избор се несоодветни, овозможуваа политизација, партизација во Судскиот совет. Говорам не само за двајцата членови, кои што според Уставот јас ги предлагам, туку и за оние од Собранието, како и оние коишто се избираат од самите судии. Состојбата ви е позната. По оценската мисија беше заклучено, дека една од најважните реформи во судството, треба да биде прво правно втемелена и почна да се работи на нов закон за Судски совет. Тој е готов. Имам увид во него и мислењето на Венецијанската комисија е добро, со мали забелешки, законот влезе во процедура”, вели претседателката.

 

На прашање дали ќе го чека законот Сиљановска Давкова одговара потврдно и вели дека добила верување дека законот ќе биде брзо донесен.

,,Да. Во разговор со министерот, во разговор со експерти по Уставно право, по Казнено право, по постапка, со адвокати, со судии, сугерирано ми е, и мислам дека е тоа во ред, да го почекам донесувањето на законот. Министерот тврди дека тоа ќе оди брзо. Не знам дали имате увид во решенијата на новиот закон, но тие се многу построги, попрецизни, појасни. Отсуството на еден член не се работи за преклузивни рокови, се работи за инструктивен рок. Значи работата на советот минус еден член, нема да го оневозможи одлучувањето, бидејќи знаете дека одлуките се носат со 8 члена од 15. Кога мерам јас, не би сакала во последниот воз или налет по стариот закон, каде што воопшто не е јасно што е тоа истакнат правник, а да не говорам и за самата постапка, да не е конкурентна, не е компетитивна, со еден кандидат е. Има решенија, кои што мислам дека е добро, секој нов член на Судскиот совет да ги исполни за да влезе во Судскиот совет. Бројни измени има во законот, мислам дека се квалитетни. На пример: претпоставувам знаете дека во сегашниот закон, во постојниот закон, замислете, за професори по право, или за луѓе од професорската струка, покрај магистратура, докторат, се бара и правосуден испит. Едно многу чудно решение, кое оневозможува да можете, навистина, да се одлучите за луѓе кои со своето знаење, дигнитет и интегритет би можеле да влијаат. Посебно важно е што во новиот закон и во самата постапка, има големи измени. И во постапката на изборот, најважно е дека е тоа оној хетероген начин на избор, комисија во којашто има претставници од различни фели и категории, интервјуто, јавноста…Тоа беше причината. Јас денеска ќе го испратам писмото до претседателот на Собранието, бидејќи Собранието го врши изборот, со причините заради кои мислам дека кога мерите е подобро да го почекате донесувањето на новиот закон, бидејќи по него сите други ќе се регрутираат, односно избираат, одошто на некој начин да го легитимирате и законот што сте го критикувале жестоко, ама и работата на Судскиот совет, која не би сакала уште еднаш да ја оценувам”, вели Сиљановска Давкова.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни повеќе од седум милиони евра

Во Општина Струмица преку Министерството за транспорт во тек е реализација на инфраструктурни проекти во вредност од над седум милиони евра, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов.

Албанскиот национален симбол – двоглавиот орел повторно поставен на Кораб, македонското знаме отстрането!

Двоглавиот албански орел повторно е поставен на врвот Кораб, додека македонското знаме, кое во меѓувреме било поставено на локацијата, е отстрането, објави порталот на албански јазик „Коха“. Порталот објави и снимки од локацијата, наведувајќи дека симболот бил вратен откако пред неколку дена бил отстранет.

ВМРО ДПМНЕ: ЈО да ги провери наводите на Филипче за криминал од 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите, потпишан од Славјанка Петровска!

„Венко Филипче се огласи со сериозни јавни наводи во врска со набавката на хеликоптери и договорот што, според неговата изјава, бил потпишан од Славјанка Петровска. Филипче јавно изјави дека Петровска „потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“. Ова се сериозни наводи кои не смеат да останат само на ниво на партиски пресметки.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во својата реакција.

Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ од 3.10.1943 – еден од најважните документи во македонската национална и политичка историја

„Македонски народе! Македонци и Македонки! Браќа и сестри на нашата поробена, ама никога непокорена татковина! Нашата млада војска, под славното знаме на Крушовската република, победоносно чекори и смело гази на кај исполнуењето на својата голема идеја – ослободуењето на Македонија. “  – стои во Манифестот на АСНОМ на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, кој му е упатен на македонскиот народ на денешен ден, на 3 октомври 1943 од борбените позиции кај селото Црвена Вода на Караорман планина, во историската Дебрца. Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од 3 октомври 1943 година е првиот стратешки и програмски документ упатен директно до македонскиот народ во текот на Втората светска војна. По своето историско значење, тој се смета за рамноправен со Крушевскиот манифест од 1903 година, бидејќи ја постави цврстата платформа за идната македонска државност.

To top