Интересна анализа за случајот со Артан Груби во вчерашната дебата Алфа ТВ со новинаркара на Алфа ТВ Мери Симоновска каде копјата ги судрија Љуљзим Фаризи и Саша Богдановиќ.
Деталната анализа на чекорите преземени од обвинителството и другите институции покажува дека ако Артан Груби ,,пропее” односно почне да кажува што се незаконски правела екс владата на СДСМ и ДУИ може да дојде до тектонски поместувања.
Од анализата во која се разгледуваа причините и деталите за враќањето на Груби и зошто некој би му се заканувал на екс вицепремиерот, може да се насети дека најзагрижени за тоа што има да го каже Груби и треба да бидат во СДСМ и ДУИ.
„Ако Артан Груби почне да зборува, можно е да бидат погодени и поранешни функционери од СДСМ“, изјави Саша Богдановиќ во емисијата „За или против“ со Мери Симоновска отворајќи дилема дали случајот може да се претвори во политички потрес.
Враќањето на Груби по 14 месеци бегство и одлуката за куќен притвор во рок од околу 15 часа во кои се случија процесни дејствија кои некогаш траат со месеци ја засилија јавната сомничавост.
Во дебатата беше поставено прашањето како лице кое било во бегство повеќе од една година добива поблага мерка и дали аргументот за „безбедност“ крие поширок контекст.
Богдановиќ посочи дека станува збор за сериозни финансиски сомнежи и дека ретко кога во вакви случаи делува само едно лице.
„Тешко е да се верува дека вакви процеси се водат самостојно. Ако се отвори целата слика, можно е да се појават и други имиња“, истакна тој.
Аналитичарот Љуљзим Фаризи оцени дека јавноста најмногу реагира на впечатокот за селективна правда, особено во услови кога довербата во судството е на историски минимум.
Случајот со Груби, според соговорниците, може да стане тест за институциите — дали ќе остане изолиран предмет или ќе отвори поширока истрага за одговорност во поранешната власт.
Целата емисија