Македонија

Објавена листа со бугарски сајтови во Македонија

Сајтовите кои објавуваат на македонски јазик во Македонија, немаат или имаат скромен импресум, се водат од Бугарија и туркаат антимакедонски наратив

На социјалните мрежи се објавени
бугарски Страници кои се преправаат како “Македонски вести” а шират бугарска пропаганда.

Сите овие страници се предводени од Бугари со локации во Бугарија или во странство.

Само две страници имаат администратори од Македонија.

Според информациите се работи за стратегија на Бугарското Министерство за Надворешни Работи преку сајтовите да се сее анти-македонски ставови низ Македонија и македонското население.

Во постот се бара да реагира МВР.

,,До сите Македонци, може да ги блокирате или репортнете овие бугарски страници, а и просто игнорирајте ги.

Но СПОДЕЛЕТЕ ја оваа објава за сите Македонци да дознаат дека Бугарија води информатичко-психолошка војна за време кога ние се стремиме кон ЕУ, тие сакаат Македонија и Македонската историја да ги направат бугарски иако Бугарите биле азијатско племе”, се бара во објавата во која се користат хаштазите:

#Македонија #Скопје #Македонци

https://www.facebook.com/share/p/18P1kvSVTG/

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски ја обвини СДС за ширење хистерија и политизирање на западнонилската треска!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски реагираше на обвинувањата на СДС за наводно „задоцнето справување со комарците и зголемениот број случаи на западнонилска треска“. Преку општествената мрежа тој нагласи: „Новата хистерија на СДС, по хистеријата за скопската вода, е оваа за комарците. Но, здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени. А за Филипче воопшто да не се грижите, јахтата на Заев најверојатно е побрза од комарците и тој е безбеден!“

Ангелов: Дејствуваат три „воздушни трактори“, заштитивме неколку манастири, сѐ уште е активен пожарот кај Чаниште, но не загрозува некое село

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, преку видеоизјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова, или некое друго село.

To top