Македонија

Пак пожар на депонијата помеѓу Шуто Оризари и Визбегово

 Од сликите објавени во медиумите може да се види како од депонијата излегува црн чад, кој зафатил дел од околните населби. Надлежните веќе се на терен и се прават напори за справување со ситуацијата. Командантот на Територијалната противпожарна служба на Градот Скопјe, Звонко Томески, вели дека четири возила се испратени на терен и интервенираат заедно […]

 Од сликите објавени во медиумите може да се види како од депонијата излегува црн чад, кој зафатил дел од околните населби.

Надлежните веќе се на терен и се прават напори за справување со ситуацијата. Командантот на Територијалната противпожарна служба на Градот Скопјe, Звонко Томески, вели дека четири возила се испратени на терен и интервенираат заедно со две возила од „Комунална хигиена“.

„Испратени се екипи и пожарот веќе се гасне. Имаме првично известување дека се работи за голем пожар“, вели портпаролката на ЦУК, Надица В’чкова.

Најнови вести од: Македонија

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top