Македонија

Владата одобри средства за набавка на инсулин

Владата на денешната 73 редовна седница ја усвои информацијата за давање согласност за финансиски средства за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија за периодот април 2025 – април 2027 година. </p> <p>Истите чинат 2.319.311.828,00 денари со вклучен ДДВ, […]

Владата на денешната 73 редовна седница ја усвои информацијата за давање согласност за финансиски средства за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија за периодот април 2025 – април 2027 година. </p>

<p>Истите чинат 2.319.311.828,00 денари со вклучен ДДВ, од кои 1.854.864.916,00 денари со вклучен ДДВ се средства потребни за инсулинска терапија и 464.446.912,00 денари со вклучен ДДВ средства потребни за инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија.

<p>Средствата е предвидено да се исплаќаат од Програмата за обезбедување на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија со точно утврдена динамика на плаќање. Владата останува посветена на унапредување и грижа за здравјето на сите граѓани.</p>

Најнови вести од: Македонија

Љутков го следеше изгрејсонцето на летната долгоденица на Кокино

Особено впечатлив е феноменот на летната долгодневица, кога од точно определена точка на локалитетот изгрејсонцето може да се набљудува низ специфичен карпест процеп, што претставува една од најпрепознатливите особености на Кокино

Бојковска: Доказ за посветеноста на Владата кон европскиот пат е исполнетоста на Реформската агенда

Нашата задача од првиот ден беше да бидеме први во регионот, не само да исполнуваме, туку да докажеме дека Македонија не мора секојпат да потклекнува, не мора секојпат да моли, туку да биде и пример како може да се победува

To top