Македонија

Министерот за одбрана Мисајловски со честитка по повод 8. Март, Меѓународниот ден на жената

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, по повод Меѓународниот ден на жената 8 март упатува честитка до сите жени, припаднички во составот на македонската Армија и во Министерството за одбрана.

Во својата празнична честитка првиот човек на Министерството за одбрана на Република Македонија Мисајловски истакнува: По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, упатувам искрени честитки до сите жени, припаднички на Армијата и Министерството за одбрана.

Жените се незаменлив дел од системот на одбраната и безбедноста. Со својата професионалност, посветеност и одговорност, тие секојдневно придонесуваат за јакнење на капацитетите на Армијата и за заштита на безбедноста на нашите граѓани. Нивниот ангажман и лидерство се силен доказ дека одбраната е област во која знаењето, способноста и храброста се поважни од сѐ.

Министерството за одбрана останува посветено на создавање еднакви можности, поддршка на професионалниот развој и унапредување на улогата на жените во одбранбениот сектор. Ви благодарам за вашиот придонес, професионализам и посветеност во службата.

Среќен 8 Март”, пишува во честитката Мисајловски.

Најнови вести од: Македонија

Galaxy Z Fold8 нуди повеќе отколку што мислите: мали трикови што го олеснуваат секојдневниот живот

Со Galaxy Z Fold8, осмата генерација на иновативни уреди на преклопување на Самсунг (“Samsung”), нуди повеќе за откривање, надвор од веќе познатото искуство на отворање на уредот за да се добие поголем екран. Некои функции ви овозможуваат телефонот да го доживувате полично, додека други ги олеснуваат секојдневните задачи.

Премиерот Христијан Мицкоски најави мерки со кои младите двојки полесно ќе се стекнат со дом

Градежната компанија нема да може да добие дозвола за градба ако уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои најмалку 10 отсто од станбената површина за оваа мерка за младите, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Годишно 8,1 милиони евра оделе кај околу 4 илјади лица, кои немале право на социјална помош!

На седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна на буџетот за следната година и предизвиците кои се очекуваат.

To top