Македонија

Бројки за семејно насилство, кои алармираат : За 2 седмици поднесени 21 пријави, забележани и обид за убиство и силување

Во текот на последните две недели Министерството за внатрешни работи поднесе 21 кривични пријави за сторени вкупно 25 кривични дела во врска со семејно насилство, од кои шест кривични пријави се поднесени по брза постапка, информираат од МВР.

Screenshot

Покрај ова, на подрачје на СВР Скопје поднесени се пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои три се за „загрозување на сигурноста и две кривични пријави за кривично дело „демнење“. Притоа, изречени се пет мерки притвор, како и една мерка „претпазливост“ на подрачје на СВР Скопје.

Најголемиот дел од кривичните дела во врска со семејно насилство се „загрозување на сигурноста“ -11 и 10 кривични дела „телесна повреда“. Додека, регистрирани се по една кривична пријава за „тешка телесна повреда“, „неизвршување судска одлука“, „противправно лишување од слобода“,„обид за убиство“ и „полов напад и силување“. За делото „обид за убиство“ во Скопје од пред неколку дена, сторителот е лишен и се преземаат интензивни мерки за негово целосно документирање и затворање со соодветна кривична пријава. Што се однесува до Секторите за внатрешни работи, СВР Скопје поднесе пет кривични пријави, СВР Куманово поднесе две, СВР Штип три, СВР Охрид четири, СВР Струмица поднесе пет кривични пријави, а по една пријава поднесоа СВР Тетово и СВР Велес.

Инаку, во наведениот период од две недели на територија на целата држава пријавени се 39 настани во врска со кривични дела со семејно насилство и 63 поплаки во врска со семејно насилство.

Во споредба со последбите неколку години, во 2025 година се бележи тренд на зголемување на бројот на изречени мерки „притвор“ во рамки на кривичните пријави по брза постапка, кој продолжува и во 2026 година, особено по законските измени.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

Кекеновски: Наместо „решителен чекор“ Урсула Лаен повторува „сменете устав“ и „разговарајте со Софија“!

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на Скопје требаше да биде повеќе од уште една протоколарна станица на нејзината балканска турнеја. Барем такви беа очекувањата што претходно беа создадени во јавноста. Нејзината посета не даде доволно јасен одговор. Лаен само повтори дека е потребен клучниот чекор поврзан со уставните измени.“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Фон дер Лаен: наместо „решителен чекор“ – „разговарајте со Софија“ .

To top