Регион

Уставниот суд на Косово не дава претседателката да го распушти Собранието

Воведени привремени мерки што значи „замрзнување на указот“ на претседателката и дека Вјоса Османи не може да одреди датум за нови парламентарни избори до 31 март

Уставниот суд на Косово вчера воведе привремени мерки за декретот за распуштање на Парламентот издаден на 6 март од претседателот на Републиката, Вјоса Османи, пренесува Еуроњуз Албанија.

Оваа одлука ѝ забранува на Османи да презема какви било дејствија во врска со декретот, а исто така му забранува на Собранието на Косово да презема какви било дејствија додека привремените мерки се на сила.

Судот објави дека мерката ќе остане на сила до 31 март и додека не се донесе конечна одлука во случајот.

Во образложението за одлуката се наведува дека е донесена „со цел да се спречи непоправлива штета на уставниот поредок и демократското функционирање на основните институции на земјата“.

Воведувањето на привремени мерки во суштина значи дека Османи не може да одреди датум за нови парламентарни избори сè додека мерките се на сила.

Косовскиот парламент не успеа да избере претседател на седницата на 5 март поради недостаток на кворум, бидејќи опозициските партии ја напуштија седницата. Воздржаноста на опозицијата е последица на неплодните преговори меѓу премиерот Албин Курти и лидерите на опозициските партии за наоѓање заеднички, консензуален кандидат.

Еден ден подоцна, Вјоса Османи нареди распуштање на парламентот, повикувајќи се на член од Уставот кој предвидува избор на нов претседател на републиката 30 дена пред истекот на мандатот на сегашниот претседател. Мандатот на Османи завршува на 4 април.

Многу уставни експерти во Косово ја доведуваат во прашање исправноста на одлуката за распуштање на парламентот и тврдат дека Уставот предвидува рок од 60 дена од датумот на започнување на процесот за избор на претседател на Републиката.

Вјоса Османи потпиша декрет: Косово оди на нови предвремени парламентарни избори

Најнови вести од: Регион

И македонски полицајци ќе обезбедуваат мирна туристичка сезона во Албанија

Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“

Еди Рама: Што бараат Албанци од Тетово на протести во Тирана

Албанскиот премиер Рама ги критикуваше организаторите на протестите што се одржаа синоќа во Тирана, кои, според него, донеле Албанци од Приштина и од Тетово на протестите, а учесниците ги нарече „жртви на политички каравани“

Бугарија одобрила извоз на шпионски софтвер и опрема за странски разузнавачки служби

Human Rights Watch предупредува дека лиценците се „јасен доказ“ дека Бугарија одобрува извоз на технологија за следење кон земји со долга историја на злоупотреба на таква опрема за кршење на човекови права

Најнови вести

To top