Македонија

Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справувањето со пожарите

Генералштабот на Армијата ќе го одреди начинот на ангажманот на војниците

 

 

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето на пожарите.

Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од страна на Владата.

Генералштабот на Армијата ќе го одреди начинот на нејзиниот ангажман.

Претседателката е во тек со состојбата со пожарите и изразува загриженост и сочувство со засегнатите сограѓани, се вели во соопштението од кабинетот на шефицата на државата.

Најнови вести од: Македонија

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top