Свет

Високиот ирански безбедносен функционер Лариџани му се закани на Трамп: Внимавајте да не бидете елиминиран!

Високиот ирански безбедносен функционер Али Лариџани упати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, реагирајќи на неговите закани поврзани со можноста за блокирање на Ормускиот теснец.

Во серија објави на социјалната мрежа Икс, Лариџани изјави дека Иран не се плаши од, како што ги нарече, „безвредните закани“ на американскиот претседател.

„И оние што беа помоќни од вас не успеаја да го елиминираат иранскиот народ“, напиша тој.

Во пораката упати и директно предупредување до Трамп.

„Бидете внимателни, за да не бидете елиминиран“, наведе Лариџани.

Оваа размена на остри изјави доаѓа откако Трамп претходно на својата платформа „Трут сошл“ предупреди дека Иран ќе биде погоден „дваесет пати посилно“ доколку се обиде да го запре протокот на нафта низ Ормускиот теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на енергенси.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: Со посредство на САД, војната може да заврши до идното лето

Меѓу идеите се прекин на огнот и претходно дискутираниот предлог на САД за создавање слободна економска зона во Донбас, која би била управувана од трета страна, изјави украинскиот претседател

Говедското месо во оваа земја поскапе за 150%, слабее и валутата

Иран се закани со одмазда против секоја земја што ќе се приклучи кон новата американска кампања за економски притисок врз Техеран, додека Вашингтон најавува потег што американскиот министер за финансии, Скот Бесент, го опишува како „најголема финансиска офанзива некогаш покрената против некој противник“.

To top