Македонија

Крива Паланка ќе се збратими со Ќустендил

Советите на соседните општини од двете страни на македонско-бугарската граница утре ќе одржат заедничка седница во Ќустендил

Потпишувањето на меморандумот за соработка и за збратимување меѓу Крива Паланка и Ќустендил ќе биде главниот настан на утрешната заедничка седница на општинските совети на двата града, која ќе се одржи во Младинскиот центар во Ќустендил.

„Идејата е да се работи за подобра соработка. Имаме заеднички теми, како што се Коридорот број 8, заедничките годишни состаноци од двете страни на границата, соработката меѓу двете општини во економијата, туризмот, образованието, културната размена и прекуграничните проекти“, изјави претседателот на Советот на Ќустендил, Димитар Велинов.

За време на средбата ќе бидат презентирани и информации за актуелните иницијативи и проекти насочени кон развој на регионот и подобрување на поврзаноста меѓу соседните општини од двете страни на македонско-бугарската граница.

Ќустендил е третиот град од Бугарија со кој се збратимува Крива Паланка по Дупница и Банско.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова-Будрис: Проширувањето на ЕУ ќе биде врвен приоритет за време на литванското претседавање со Советот на ЕУ

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис, кој е во официјална посета на државата.Соговорниците го поздравија отворањето на дипломатското претставништво на Литванија во Скопје, како и одлуката на македонската Влада за отворање амбасада во Вилнус, очекувајќи засилен политички дијалог, поголема економска и културна соработка, како и подобри севкупни односи меѓу двете држави.

Собранието го донесе Законот за игри на среќа и за забавни игри – да бидат оддалечени 500 метри од училиштата

Собранието денеска во рамки на 109. седница ги донесе одлуката за измена на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, Законот за игрите на среќа и за забавните игри, а Христина Софронијоска беше избрана за нова заменичка на генералната секретарка на законодавниот дом. Законот за игрите на среќа и за забавните игри беше донесен со 60 „за“, а 20 „против“.

Ристовски: За две години реализирани и започнати 60 спортски проекти вредни над 21 милион евра – спортот повторно е национален приоритет

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска на прес-конференција во Владата даде отчет за сработеното во изминатите две години од формирањето на Министерството за спорт, презентирајќи ги реализираните активности, капиталните инвестиции во спортската инфраструктура и проектите што ќе се реализираат во наредниот период. Toj истакна дека Министерството за спорт за само две години реализира и започна 60 спортски проекти, со вкупна вредност од повеќе од 21 милион евра, за разлика од претходната власт која за четири години реализираше само 33 спортски проекти и нагласи дека Владата повторно го поставува спортот меѓу националните приоритети.

Пуштена е во употреба новата детска градинка „Пролет“

Секогаш кога пуштаме еден ваков објект во функција, јас сум посебно задоволен и среќен, бидејќи на овој начин ќе го подобриме квалитетот на живот на многумина, се разбира најмногу на најмладите, на дечињата. Впрочем, намената на ваквите објекти е токму за нив, да почнат да другаруваат уште од најрани години, да стекнуваат знаења, пријателства, да се формираат како личности, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски при пуштањето во употреба на новата детска градинка „Пролет“ во Трубарево.

Муцунски: Патот кон ЕУ мора да се темели на заслуги, не на билатерални прашања!

Македонија е подготвена да продолжи по европскиот пат, но очекуваме јасни гаранции дека процесот ќе се одвива без нови блокади и со поголема предвидливост, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со литванскиот колега, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјата. На прашањето како го коментира тоа што министерот Будрис изјави дека сега е моментот за проширување и треба да се искористи, Муцунски оцени дека постои широка поддршка од земјите-членки за напредокот на Македонија, но дека се неопходни јасни уверувања за непречено одвивање на евроинтегративниот процес.

Најнови вести

To top