Македонија

Пожарот кај Смилковско Езеро бил подметнат!

На местото на пожарот биле пронајдени остатоци од ракавици и изгорена гума

Постојат основани сомневања дека пожарот кој изби синоќа кај Смилковското езеро бил подметнат.

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, кој беше на местото на пожарот, изјави дека била опфатена широка територија и беа преземени мерки пожарот да не се рашири кон населените места и кон комплексот фабрики во Железара.

Стефковски на социјалните мрежи сподели дека постојан сомневања оти пожарот е подметнат. И градоначалникот на Бутел Дарко Костовски на Фејсбук објави дека пожарот е подметнат и дека има многу очевидци кои дале изјави во МВР.

И министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа по состанокот на Kризниот штаб во Владата, кажа дека сите вчерашни пожари биле ставени под контрола, но и дека има докази дека се намерно подметнати и распламтени.
Тој рече дека нема да ја загрозува предистрагата и да открива детали, но станало пресимптоматично што како се гасел еден, веднаш стартувал друг, па трет итн.

Центарoт за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 18 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а 4 се изгаснати. Од ЦУК велат дека ангажирани се припадници од Армијата, кои активно учествуваат во гаснењето на повеќе позиции.

Најнови вести од: Македонија

Градоначалникот на Кичево Јовановски со новогодишна порака заеднички да се продолжи напред со многу позитивна енергија!

„За прв пат во Кичево новогодишната ноќ ја дочекавме заедно сплотени, насмеани и исполнети со надеж и покрај значително студеното време. Ова не беше само прослава, туку почеток на една нова традиција, која ќе ја негуваме и ќе ја правиме уште поголема и уште подобра, поорганизирана.“ – објави градоначалникот на Кичево Александар Јовановски на својот […]

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

To top