Бизнис

Нафта скокна над 100 долари за барел, се стравува од нов шок

Цената на нафтата од ноќеска повторно се искачи над 100 долари за барел, неколку дена откако го достигнаа максимумот. Од бизнис еснафот стравуваат од можни ценовни шокови, односно ако кризата продолжи, тоа ќе влијае врз глобалните залихи на гориво.

Регионот има централно место во светската нафтена индустрија, не само поради големите резерви, туку и поради стратешките транспортни коридори. Особено значаен е Ормускиот теснец на излезот од Персискиот залив, низ кој поминува значителен дел од глобалниот извоз на нафта.

Тропа ли на врата нов ценовен шок?! Војната во Иран би можела да ги зголеми глобалните цени на храната, бидејќи конфликтот ги нарушува испораките на ѓубрива преку еден од најважните трговски патишта во светот. Додека енергетските пазари се фокусираа на ризиците од снабдување со нафта, стопанствениците велат дека заканите за синџирите на снабдување со ѓубрива преку Ормутскиот теснец би можеле да донесат и долгорочни економски проблеми преку инфлацијата на храната.

Цената на нафтата од ноќеска повторно се искачи над 100 долари за барел, неколку дена откако го достигнаа максимумот. Од бизнис еснафот стравуваат од можни ценовни шокови, односно ако кризата продолжи, тоа ќе влијае врз глобалните залихи на гориво.

Ако конфликтот се продлабочи, се стравува дека цената на нафтата би можела драматично да скокне и да достигне 200 долари за барел.

На 9 март 2026 година, цената на суровата нафта од типот Брент ја надмина психолошката граница од 100 долари за барел и достигна нивоа слични на оние забележани во неделите по руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Ваквите шокови според експертите  имаат потенцијал да се пренесат и во домашните економии преку каналот на цените на енергијата, транспортот и производствените трошоци.

Ако дојде до несакани ценовни поместувања на транспортот, тоа би се одразило и на крајната цена на храната, што и онака е скапа. Од Владата велат дека треба да има фер цени на производите, оти нема да се дозволи отстапувања и профитерство.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top