Македонија

УЈП ја заострува контролата

Институцијата испраќа рокови и предупредува на законски мерки

Управата за јавни приходи (УЈП) ја заостри контролата над паричните приливи што граѓаните ги примиле од странство во текот на 2021 година.

Врз основа на податоците што ги добила од банките, институцијата веќе започна да испраќа персонализирани известувања до дел од граѓаните, со јасен рок во кој треба да ги исполнат евентуалните даночни обврски.

Од УЈП предупредуваат дека ако обврските не бидат подмирени доброволно, Управата ќе ги искористи сите законски механизми што ѝ стојат на располагање за да го утврди и наплати данокот.

Сепак, од институцијата нагласуваат дека не секој прилив од странство автоматски подлежи на оданочување и дека самото добивање на известувањето не значи дека граѓанинот веќе должи данок.

Обврската за пријавување се однесува на доход од странство што е оданочив согласно Законот за данокот на личен доход.

Тука спаѓаат плати, хонорари, приходи од фриленс и интелектуални услуги, издавање недвижности преку платформи како Airbnb и Booking.com, капитални добивки од продажба на имот, криптовалути и хартии од вредност, дивиденди, камати, авторски права и добивки од игри на среќа.

Од друга страна, парите добиени како подарок, семејна поддршка или позајмица не претставуваат автоматски оданочив доход.

Истото важи и за трансферите преку Western Union, Ria, MoneyGram и слични сервиси, бидејќи начинот на кој се испратени парите сам по себе не ја определува даночната обврска.

„Даночниот третман зависи од вистинскиот основ на приливот и од тоа дали станува збор за доход што подлежи на оданочување согласно законските одредби“, појаснуваат од УЈП.

Граѓаните, кога е потребно, треба да располагаат со соодветни докази за потеклото и основот на средствата што ги примиле од странство.

УЈП ги повикува сите што оствариле приливи од странство да проверат дали имаат даночна обврска и, доколку е потребно, да поднесат електронска пресметка за аконтација на данокот на личен доход (е-ППД) и да го платат утврдениот износ.

За постапката на пријавување, плаќањето и примената на договорите за избегнување двојно оданочување, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на УЈП и системот за електронски даночни услуги.

Дополнителни информации се достапни на електронската адреса info@ujp.gov.mk, на бесплатниот телефонски број 0800 33 000 од фиксна линија и на 02 3253 200 од мобилен телефон, како и во канцелариите на Управата.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

To top