Свет

Орбан: Европа нема да ја надмине енергетската криза без руската нафта

Европа нема да може да ја надмине енергетската криза без повторна достапност на руската нафта

Европа нема да може да ја надмине енергетската криза без повторна достапност на руската нафта, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, повикувајќи ја Европската унија да ги укине санкциите кон рускиот енергетски сектор.

Во видеообраќање емитувано на унгарската телевизија, Орбан рече дека конфликтот на Блискиот Исток предизвикал недостиг на суровини и нагло зголемување на цените на горивата низ Европската унија.

„Европа, како и целиот свет, нема да може да ја надмине нафтената криза без помош од евтината руска нафта“, изјави Орбан, додавајќи дека САД веќе почнале да ублажуваат дел од мерките, додека во Брисел, како што рече, политиката на санкции не е променета.

Тој посочи дека последиците од санкциите се видливи во растот на цените на горивата во европските земји. Според него, литар бензин во Австрија веќе чини околу две евра, во Германија повеќе од две евра, додека во Холандија цената е повисока од 2,5 евра.

Орбан порача дека унгарската влада нема да дозволи таков раст на цените во својата земја. Владата во Будимпешта претходно воведе ограничување на малопродажните цени на горивата, при што бензинот од 95 октани чини околу 1,5 евра за литар, а дизелот околу 1,6 евра.

Унгарија претходно ја повика Европската унија да го следи примерот на САД и да ја суспендира забраната за увоз на руска нафта.

Во меѓувреме, американското Министерство за финансии ги укина санкциите за продажба на руска нафта и нафтени деривати натоварени на бродови пред 12 март. Според општата лиценца што ја издаде Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК), ваквите трансакции ќе бидат дозволени до 11 април.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека оваа одлука може да ја зголеми количината на нафта на светскиот пазар и да придонесе за намалување на цените на суровата нафта.

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top