Спорт

Данска со комплетно нова одбрана против Македонија во баражот за СП

Селекторот Ример нема да може да смета на голманот Шмајхел и на дефанзивците Р. Кристенсен, Андерсен, А. Кристенсен и Доргу

Фудбалската репрезентација на Данска се соочува со големи проблеми со составот пред мундијалскиот бараж со Македонија на 26 март во Копенхаген, во кој ќе влезе со нов голман и целосно нова одбрана.

Чуварот на мрежата на Селтик, Каспер Шмајхел, веќе еден месец е надвор од теренот поради здравствени проблеми, а во однос на последниот натпревар од квалификациите за СП 2026 со Шкотска на 18 ноември ќе ги нема ниту дефанзивците Расмус Нилсен Кристенсен, Јоаким Андерсен, Андреас Кристенсен и Патрик Доргу. Андерсен и А. Кристенсен же го пропуштат дуелот со Македонија поради суспензии, а Р. Кристенсен и Доргу поради повреди што ги оддалечија од теренот подолго време.

„Ќе мораме да направиме одредени промени. Искрено, не паметам кога репрезентацијата се нашла во ваква ситуација – со нов голман и целосно изменета одбрана. Тоа сигурно може да се одрази врз нашата игра, но верувам дека ќе најдеме решение и ќе одговориме на предизвикот“, изјави селекторот Брајан Ример.

 

Најнови вести од: Спорт

To top