Филмот на Пол Томас Андерсон е прогласен за најдобар филм во синоќешното 98 издание на „Оскар“, освојувајќи шест награди, објавува „Гардијан“.
Номиниран за дури 13 „оскари“, и еден од фаворитите, „Една битка по друга “ доби златни статуетки за најдобар филм, најдобар режисер, најдобра монтажа, најдобро адаптирано сценарио, најдобра споредна машка улога и најдобар кастинг.
Станува збор за политички трилер со Леонардо Ди Каприо во главната улога, кој раскажува приказна за милитантни активисти во САД кои се борат за правата на мигрантите.
Второто место по бројот на награди го зазеде филмот „Грешници“, кој и покрај 16-те номинации, однесе „само“ четири Оскари.
Филмот„Франкенштајн“ освои три златни статуетки.додека анимираниот хит за Кеј-поп музиката „Ловци на демони“ освои два Оскари.
Златните статуетки за најдобар актер и актерка им беа доделени на Мајкл Б. Џордан за филмот „Грешници“ и на Џеси Бакли за „Хамнет“.
За првпат Оскарот за најдобра камера го освои жена: Американката Отом Дуралд Аркапо беше наградена за филмот „Грешници“.
За првпат беше доделен и Оскар за најдобар кастинг, кој ѝ припадна на Касандра Кулукундис за „Битка по битка“.
Необично беше и тоа што во една категорија имаше изедначување – нешто што според Академијата досега се случило само седум пати. Затоа Оскарот за најдобар краток филм го поделија „Пејачи“ и „Двајца луѓе разменуваат плунка“.