Хроника

Шокантно откритие во Струмица: Маж копал во дворот и наишол на сомнителни коски

Резултатите од вештачењето ќе дадат повеќе одговори

Необичен случај е пријавен во Струмица откако локален жител, додека копал во дворот на својата куќа, наишол на коски што според него наликувале на човечки останки.

Според МВР, пријавата била поднесена на 16 ноември 2026 година во 17:40 часот во Секторот за внатрешни работи Струмица.

Коските биле пронајдени при ископувања во двор на семејна куќа на улицата „Солунска“.

Откако стигнала пријавата, на терен излегла увидна екипа од СВР Струмица. Тие го документирале настанот, а пронајдените коски ги подигнале и ги предале за понатамошно вештачење.

Засега нема официјална потврда дека станува збор за човечки останки. Надлежните треба со соодветни анализи да утврдат од каде потекнуваат и дали имаат врска со евентуален кривичен настан.

Од полицијата засега не даваат повеќе детали ниту за староста на коските, ниту за тоа како се нашле во дворот. Дополнителни информации се очекуваат откако ќе заврши вештачењето.

Најнови вести од: Хроника

Приведен 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело лажна дојава за бомба во гимназијаts „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

На 27 ноември почнува судењето против Кристијан Корабоски (31), обвинет за претепувањето на Сара Ѓорѓиеска од Охрид

На Корабоски му е определен 30-дневен притвор откако против него беше поднесено обвинение за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување фатен со поткуп од 500 евра!

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ спровеле полициска акција во која е лишен од слобода раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување, осомничен за примање поткуп, неофицијално дознава Курир.

„Мислеше дека е мртва и сакаше да се ослободи од нејзиното тело“, тврди мајката на претепаната девојка во Охрид

Најголемата среќа во целата оваа трагедија е што Сара дошла при свест пред напаѓачот да успее да ја однесе и да ја фрли во некоја провалија. Токму затоа, кога сфатил дека таа се освестила, ја фрлил на улица“, наведува мајката

To top