Хроника

Кратка македонска приказна за една љубов и заминување во вечноста (СТАТУС НА НЕДЕЛАТА)

Кили и по смртта најде начин да прати порака дека љубовта не треба да се крие

Највпечатливиот последен поздрав до легендарниот актер Кирил Поп Христов – Кили го објави негивата колешка Софија Куновска.

,,Не можеше да се поздравиш со мене на поубав начин од тој што го избра да се поздравиш пред неколку дена…
Патувај со ангелите драг Кили и таму отсвири ја и отпеј ја најубавата песна”, објави Куновска за својот колега и сподели коментар кој го добила од Кили.

Screenshot

Најнови вести од: Хроника

Тошковски за истрагата за фалсификуваните возачки дозволи: Судството да спречи вакви кривични дела, да не одлучува како во минатото!

Вкупно 27 лица опфати истрагата за фалсификувани возачки дозволи, против кои е поднесена кривична пријава поради сомнение за незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа во интервју за МТВ нагласи дека сега на потег се Обвинителството и Судот, кои, како што рече се надева дека ќе донесе законита и праведна одлука, која превентивно ќе дејствува во иднина.

Финансиска полиција: Тројца осомничени за измама за околу 300 илјади евра, кои ги „переле“ преку пилешки копани!

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пет физички лица и две правни лица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Перење пари и други приноси од казниво дело“, „Измама“ „Фалсификување или уништување деловни книги“ и „Даночно затајување“.

Втора кривична пријава против Ќира – овојпат незаконски разрешил директор на училиште и поставил друг, иако не исполнува услови

Струшката полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга Менди Ќира, поради сомневање дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Ќира доби кривична пријава и во април годинава, бидејќи на 18 ноември 2025 година назначил вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, и покрај тоа што знаел дека кандидатот не ги исполнува законските услови.

Кривична пријава за поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски за несовесно работење и две службенички од Општина Карпош за злоупотреби

Постапувајќи според наредба од Основното јавно обвинителство од Скопје, Секторот за економски криминал на скопската полиција поднесе кривична пријава против Благица Блажевска за четири кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Симона Серафимовска-Ѓуреска за две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против против Стевчо Јакимовски за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

To top