Хроника

Маскирано лице го запалило „ренџ роверот“ на Курто Дудуш

Запален автомобилот што го користел градоначалникот на општина Шуто Оризари

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен околу 03:50 часот, кога било констатирано дека опожарено е патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска

„На 17.03.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О.(37) од Скопје.

Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Најнови вести од: Хроника

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top