Македонија

Собранието го избра Ненад Савески како нов државен обвинител – Николоски истакна дека тој ќе треба да се избори за правдата во Македонија!

„На Македонија ѝ се потребни правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и постапување по случаите, кои ќе ја подобрат сликата за државата и обвинителско-правосудниот систем.“ – нагласи вицепремиерот Александар Николоски денес на собраниската седница пред да биде избран Ненад Савески како нов државен јавен обвинител, предложен од Владата. За него Николоски истакна дека е професионалец, докажан во својата работа и, како што нагласи, без ниедна дамка во својата професионална кариера.

„Обвинителско-правосудниот систем е во состојба, што не влева доверба кај граѓаните. Таа состојба принудува многу граѓани да не веруваат во системот, почесто да има неправда отколку правда. А и тогаш кога има правда, заради сомничавоста, која постои меѓу граѓаните, тие да се прашуваат: дали навистина се донела правилната одлука? Не е случајно што е рејтингот на овие две институции околу 2  отсто. Тоа ќе биде сериозна задача за магистер Ненад Савески како нов државен обвинител. Тој е човек, што е долго во обвинителско-правосудниот систем, со сериозен стаж и искуство. Бил обвинител, судија и сега повторно ќе биде прв меѓу обвинителите. Се работи за човек, еден од светлите примери во македонското судство и обвинителство, кој нема дамки зад себе. Тој е мотивиран и ќе биде првиот, кој треба да се избори за правда во Македонија.” – рече Николоски пред пратениците.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

To top