Бизнис

(Фото): Пред скоро 3 месеци дизелот се продаваше по 65 денари, сега скокна на 92 денари, што е следно?!

За седумдесет дена цената на дизелот во Македонија скокна за 40 проценти. До каде ќе оди зголемувањето на цената никој не знае. Владата засега не презема мерки. Иако во повеќе европски земји дизелот вообичаено е поскап од бензинот, поради политиката која ја водат тамошните влади за дестимулирање на автомобили со вакво гориво, кај нас дизелот во најголем дел од годините беше поекономичната варијанта. На ваквиот тренд, според познавачите, најмногу влијаат актуелните состојби на пазарот, пред сѐ геополитичките состојби.

За само два ипол месеци најупотребуваното гориво за автомобили кај нас, Еуродизелот, поскапе за над 40 отсто или за дури 27,5 денари. Слично е и со бензините, иако таму, поради традиционалната повисока цена од дизелот, поскапувањето е 16,5 денари, или околу 23 отсто. До каде ќе оди зголемувањето на цените, тоа никој во моментов не може да предвиди, но генерално, ќе зависи од развојот на настаните во Ормускиот теснец, но и од мерките кои може да ги преземе Владата.

Според соопштенијата кои што ги објавува Регулаторната комиисија за енергетика, цената на литар дизел на бензинските пумпи во земјава на 23 декември лани била 64,50 денари, а непосредно пред Нова година, на 30 декември, се зголеми на 65 денари за литар, за потоа повторно да се намали на 64,50 денари за литар, колку што изнесуваше до 21 јануари. Од тогаш наваму, цената на дизелот драматично оди нагоре, прво на 66,50, па 67,50 за потоа да се стабилизира неколку недели на 68 денари, потоа се зголеми на 69 и на 71 денари за литар, по што следуваше ценовниот шок – пораст на 85,50 денари и сега на 92 денари.

Од табелата и од графиконот се гледа трендот и „трката“ меѓу горивата, како и „превратот“ на дизелот, кој сега значајно е над цената на бензините.

Иако во повеќе европски земји дизелот вообичаено е поскап од бензинот, поради политиката која ја водат тамошните влади за дестимулирање на автомобили со вакво гориво, кај нас дизелот во најголем дел од годините беше поекономичната варијанта. На ваквиот тренд, според познавачите, најмногу влијаат актуелните состојби на пазарот, пред сѐ геополитичките состојби. Како што се наведува во најновата одлука на РКЕ за зголемување на цените, од 16 овој месец, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемија за 8,98% во однос на малопродажните цени од 9 март.

Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 16,9% или за 136,7 долари/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 11,7% или за 117,500 долари/тон, а влијание имаше и курсот на денарот во однос на доларот, кој во просек изнесува 53,2 ден/долар и е за околу 0,84% повисок од курсот на доларот (52,8 ден/долар) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Најнови вести од: Бизнис

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на големо финансиско друштво

Од Министерството најавуваат дека ќе продолжат со интензивни контроли и ќе ги преземаат сите расположливи мерки согласно закон, со цел заштита на граѓаните и спречување на непочитување на законските прописи.

„ЕСМ“ со паметна стратегија: Преку викенд набавки на струја по негативни цени, компанијата инкасираше околу 50.000 евра

АД ЕСМ покажува сигнали на консолидација на финансиски план после огромни предизвици во сите сегменти на работењето, наследени од претходните раководства во периодот 2017-2024 година.

Вицегувернерката Митреска на БИС: Силен банкарски сектор, но и натаму се потребни претпазливи политики

Стапката на адекватност на капиталот во регионот сега изнесува 20,7%, наспроти ниво од под 19% пред пандемијата, додека учеството на нефункционалните кредити е намалено на 2,5%, во однос на околу 6% пред кризата

По цели 7 години „ЕСМ“ финансиски се стабилизира, прикажан позитивен резултат за првиот квартал

Остварените резултати претставуваат позитивен сигнал за имплементираните мерки за консолидација, реструктурирање, зголемување на домашното производство и оптимизација на процесите од сопствените производни капацитети. Исто така, согласно актуелните перформанси и адаптирање на динамичниот пазар на електрична енергија, целта е Друштвото да прерасне во регионален играч за купопродажба на електрична енергија.

„Костал” со амбициозни планови за иднината – премиерот очекува приходите на компанијата да пораснат на 500 милиони евра

Компанија „Костал“ која е германска инвестиција претставува една од најуспешните странски инвестиции во Македонија и значаен двигател на домашната економија, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето 10 години од оваа инвестиција. Тој нагласи дека „Костал“ е меѓу петте компании со најголем извоз во државата и има директно влијание врз македонскиот домашен бруто производ.

Милиони евра од рудниците „Иловица“ и „Плавица“ стојат на располагање

Рударските инвестиции во Иловица и Плавица на Македонија може да ѝ донесат 770 милиони евра – пари кои ќе ѝ помогнат на државата во заштитата на животната средина, преку рекултивација и рехабилитација на подрачја и мониторинг на биодиверзитетот. Ваквите идеи се преточени во Акцискиот план за минерални суровини 2026-2030, а произлегуваат од новата Стратегијата за […]

(Фото): Граѓаните и стопанството должат 9,35 милијарди евра, покажуваат податоците на Народна банка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,3%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор.

Николоски: Следната година ќе се вози по една лента на автопатот Битола-Прилеп

Тој потенцираше дека проблемот со неколку сопственици на вили во село Ореовец ќе биде решен, но го отвори пршањето зошто политичката партија Левица ги штити истите кога овој проблем може да ја чини државата до 100 милиони евра

To top