Свет

Француски министер: Земја која не е од Европа може прва да влезе во ЕУ

Канада ниту сака, а од Европската комисија реагираа дека членството на Канада не е реална опција

 

Говорејќи на конференцијата „Европа 2026“ во Берлин, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро Баро, констатираше дека   дека Унијата станува сè попривлечна за партнери ширум светот поради геополитичките тензии и економската тежина.

„Денес девет земји имаат кандидатски статус. Во иднина може да има и други заинтересирани партнери, дури и надвор од европскиот континент“, изјави тој.

Според него, не може целосно да се исклучи можноста Канада да се приближи до Европска Унија, но нагласи дека станува збор за поширока политичка дискусија, а не за конкретна иницијатива.

„Немаме планови да се приклучиме кон Европската Унија“,изјави тој на маргините на самит на НАТО.

Наместо тоа, Отава се залага за продлабочување на стратешкото партнерство со европските земји, особено во трговијата, безбедноста и одбраната.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

To top