Добива ли СДСМ потенцијален иден лидер во ликот и делото на Јани Макрадули кој денеска во денешната објава зборува дека лојалноста не е слепо следење туку лојалноста е одговорност а одговорност да мислиш, да кажеш, да создаваш.
Објавата на Макрадули доаѓа по одлуката на СДСМ да го исфрли од партијата Петре Шилегов затоа што најави дека од Филипче ќе се бара одговорност за слабите резултати.
Макрадули не му дава отворена поддршка ма Шилегов туку меѓу редови зборува за соатојбата во партијата и при тоа добива поддршка од пратеници, градоначалници, функционери на СДСМ и видни членови.
Меѓу тие на кои им се допаѓа ставот на Макрадули според кој грижата за СДСМ не е молк се пратениците и екс министри Оливер Спасовски и Славјанка Петровска, градоначалниците на Крива Паланка и Валандово, Перо Костадинов и Сашко Митовски , екс генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова и други партиски функционери и членови како Магдалена Несторовска и Викторија Мадиќ Аврамовска.
,,Партијата, државата не се простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат, создаваат и придонесуваат. Не се создадени за удобност, туку за одговорност. Одговорност за секој збор.
Оттука, кога времињата стануваат сериозни, не ни требаат избрзани одлуки, ниту зборови што навредуваат.
А, токму затоа, тешките муабети не смеат да бидат катализатор на раслојување. Тие треба да бидат простор за зрел дијалог, за аргумент, за приближување, не за поделби. Нема успех со игнорирање на тешките муабети.
Потребно ни е единство. Потребен ни е разум. Потребна ни е зрелост. И потребен ни е заеднички фронт за промени.
Фронт што обединува.
Фронт што носи одговорност.
Фронт што знае зошто постои.
Бидејќи грижата за СДСМ не е молк, најмалку е калкулација, или пак чекање на разврска за некакви места на листи.
Вистинската грижа зборува со емоција од срцето, но водена и следена од разумна политика”, пишува Макрадули.
Фото: Канал 5, Само Вистина