Македонија

Дебата за реорганизација на државната управа

Предложеното законско решение ги опфаќа организациската поставеност, надлежностите и начинот на функционирање на органите на државната управа, како дел од извршната власт

Во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, денеска,во рамки на 90. седница на Собранието ќе се најде работната верзија на Предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа.

Предложеното законско решение ги опфаќа организациската поставеност, надлежностите и начинот на функционирање на органите на државната управа, како дел од извршната власт.

Целта на овие органи е ефикасно извршување на државните функции, како и обезбедување на остварувањето на правата, обврските и правните интереси на граѓаните и правните лица.

За учество на расправата се поканети претставници на институции, организации, здруженија и асоцијации, кои ќе имаат можност да ги презентираат своите ставови, предлози и забелешки за предложената законска рамка.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски најави поевтини станови за брачни двојки помлади од 35 години

Без разлика во кој град и без разлика на кое место во Македонија, ниту една градежна компанија не може да добие дозвола за градба ако не оддели минимум 10 проценти станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која што ќе биде најмалку 20 проценти пониска од пазарната цена, најави премиерот Мицкоски.

Не се укинува вториот пензиски столб – законската одредба за 6%, се префрла во друг закон, рече министерот Велковски

Дали со предлогот за  бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб власта ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои се негови членови?!

Во Битола се одржа литија низ Широк Сокак со чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска

По Светата Литургија, чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска беше изнесена во свечена литија низ Широк Сокак, во која се вклучија свештениците, монашките заедници и бројните ходочесници. Со литијата заврши централниот дел од ходочестието во Битола.

To top