Свет

Едногодишно дете кое само што го кажало првиот збор, убиено во Газа

Најмалку 15 лица, вклучувајќи 10 деца и две жени, беа убиени, а десетици повредени во израелски напад додека чекале пред клиника

 

Според податоци на „Проектот ХОУП“ (Project HOPE), организацијата што ја води клиниката, меѓу убиените имало деца на возраст од 1 и 4 години.

На видео потврдено од Ен-Би-Си Њуз од непосредните последици од нападот во Деир ал-Балах, во централниот дел од Појасот Газа, се гледаат деца во локви крв и жени како ги прегрнуваат… Областа беше

„Здравствените клиники на Проектот ХОУП се место за засолниште во Газа каде што луѓето ги носат своите мали деца, жените имаат пристап до нега за бременост и постпартална нега, луѓето добиваат третман за неухранетост и друго“, рече во соопштението Рабих Торбај, претседател на организацијата. „Сепак, утрово, невини семејства беа немилосрдно нападнати додека стоеја во ред чекајќи да се отворат вратите.“

На прашањето за коментар од Ен-Би-Си, израелските одбранбени сили рекоа дека нападот бил насочен кон член на Хамас и дека „жалат за каква било штета на неинволвирани лица“.

Според УНИЦЕФ, кој издаде соопштение за нападот во четврток, едногодишното дете кое беше убиено само што го кажало својот прв збор неколку часа претходно. Неговата мајка била повредена во експлозијата и сега лежела во болнички кревет, држејќи го чевличето на своето мртво бебе.

„Ниеден родител не треба да се соочи со таква трагедија“, изјави извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, во соопштението. „Ова е суровата реалност со која се соочуваат многумина во Газа денес по месеци на недоволна дозволена помош на територијата, а страните во конфликтот не ги почитуваат основните одговорности за заштита на цивилите“.

Таа го повика Израел „итно да ги преиспита своите правила на ангажман за да обезбеди целосно почитување на меѓународното хуманитарно право, особено заштитата на цивилите, вклучително и децата“.

Според локалното Министерство за здравство, потврдено е дека во последните 24 часа се убиени 82 лица.

Со тоа, бројот на жртви достигна над 57.700 од октомври 2023 година, а повеќе од 130.000 се повредени. Повеќе од 50.000 од убиените и повредените се деца, изјави во мај Едуар Бејгбедер, регионален директор на УНИЦЕФ за Блискиот Исток и Африка.

Најнови вести од: Свет

Русија го нападна Киев во пресрет на средбата Трамп-Зеленски

Во нападот кој започна ноќеска и кој трае десетина часови, Русија испали неколку хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ кон украинскиот главен град

Кина го пушти во употреба најдолгиот автопатски тунел во светот(ВИДЕО)

Со отворањето на автопатот, времето на патување од регионалниот главен град Урумќи, северно од планините Тјаншан, до Корла, јужно од планините Тјаншан, е намалено од седум часа на околу 3,5 часа.

САД ја нападнаа Исламска држава во Нигерија со цел да ги заштитат христијаните

Министерството за надворешни работи на Нигерија ги потврди нападите во соопштение и посочи дека однапред добило известување, наведувајќи дека „нигериските власти остануваат ангажирани во структурирана безбедносна соработка со меѓународните партнери, вклучително и Соединетите Американски Држави, во решавањето на постојаната закана од терористички и насилен екстремизам“.

Најнови вести

To top