Македонија

Ченто со честитка и порака до Савески: Да се исправат неправдите, Македонија мора да излезе од правното мочуриште и да стане вистинска правна држава!

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април 2017 година, му упати честитка на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, изразувајќи очекување за суштински промени во функционирањето на обвинителството. „Македонија не смее да остане заробена во неправда“, нагласи Јане Ченто.

„Очекувам и се надевам дека конечно ќе видиме правда што ќе се применува еднакво за сите – без селекција, без притисоци и без политички нарачки“, порача Ченто. Тој нагласи дека по години, како што вели, исполнети со сериозни сомнежи во работата на обвинителството, неопходно е отворање и преиспитување на предметите кои ја разнишаа довербата на граѓаните во правниот систем.

Во пораката тој му посака на на Савески успешна работа, но нагласи дека уште поважно е да се покаже храброст за исправување на неправдите. „Потребна е храброст да се стави крај на користењето на институциите како средство за политички пресметки. Државата мора да излезе од правното мочуриште и да стане вистинска правна држава“, додаде Ченто.

Најнови вести од: Македонија

To top