Македонија

Осум случаи на семејно насилство за едно деноноќие: Мајка тешко повредена, деца жртви на напади

Семејно насилство во Скопје, Тетово и Струмица

Во последните 24 часа, полицијата евидентирала осум случаи на семејно насилство во Скопје, Тетово и Струмица, при што четири лица се лишени од слобода, информира Министерството за внатрешни работи.

Во Струмица, во раните утрински часови, приведен е 23-годишник кој, според пријавата, физички ја нападнал својата 20-годишна сопруга во семејниот дом.

Во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полицијата привела 23-годишно лице кое физички ја нападнало својата 51-годишна мајка, при што ѝ нанело тешки телесни повреди, потврдени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во Тетово, лишен од слобода е 44-годишен жител на село Боговиње, кој подолг период упатувал закани кон свој роднина поради меѓусебни недоразбирања.

Уште едно лице е приведено во Скопје откако, според пријавата, физички ја нападнало својата 53-годишна вонбрачна партнерка.

Покрај приведувањата, полицијата регистрирала и четири дополнителни пријави за семејно насилство. Во еден случај, 27-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг физички ги напаѓал нивните малолетни деца. Друга 23-годишна жена пријавила дека била жртва на континуирано физичко и психичко насилство од сопругот.

Исто така, 65-годишна жена пријавила дека нејзиниот син ја вознемирувал и ѝ се заканувал, додека 45-годишна жена пријавила закани и вознемирување од сопругот со кого е во бракоразводна постапка.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top