Свет

Макрон спремен да ја брани Европа, но не бесплатно

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е подготвен да „отвори дебата“ за распоредување воени авиони вооружени со нуклеарно оружје во Европската Унија. „Сакам да започнам дебата, но Франција нема да плаќа за безбедноста на другите, тоа нема да биде на сметка на она што го поседуваме, а конечната одлука за употреба на нуклеарни средства секогаш […]

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е подготвен да „отвори дебата“ за распоредување воени авиони вооружени со нуклеарно оружје во Европската Унија.

„Сакам да започнам дебата, но Франција нема да плаќа за безбедноста на другите, тоа нема да биде на сметка на она што го поседуваме, а конечната одлука за употреба на нуклеарни средства секогаш ќе биде на Франција“, рече Макрон во интервју за телевизијата TF1.

Тој рече дека е подготвен да започне дискусија за европското нуклеарно одвраќање што би го обезбедила Франција.

 

Макрон предлага да распне „нуклеарен чадор“ над Европа

Најнови вести од: Свет

Ескалира ситуацијата во Иран: убиени најмалку 50 демонстранти и 15 припадници на безбедносните сили, а 2.300 се уапсени

Во саботата американскиот претседател Доналд Трамп, кој последните денови постојано се закануваше со воен напад врз Иран, објави на социјалните мрежи: „Иран сака слобода, можеби како никогаш досега. САД се подготвени да помогнат!“

To top